Општина Крива Паланка упати апел до сите граѓани кои можат да се приклучат и да помогнат во гаснењето на пожарот, кој излегува од контрола и се шири со огромна брзина во неколку правци!
Во директна опасност од огнената стихија се наоѓаат населеното месо Лозаново и домовите на жителите, соопшти градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.
Во населбата Лозанови и село Градец, Крива Паланка, претпладнево избувнаа три шумски пожари кои поради силниот ветер се шират и приближуваат кон домовите на граѓаните.