Вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на кое безмалку и да нема движење на луѓе, шумочуварите на Национални шуми од подружница Осогово Крива Паланка, пронајдоа и отстранија повеќе од триесетина на куп нафрлани автомобилски гуми, картон за потпалување, внатрешни гуми како и суви борови стебла и гранки подготвени за палење и предизвикување пожар на отворен простор кој доколку не беше спречен набргу потоа би се проширил во блиската шума.
Шумочуварите на Национални Шуми од подружница Осогово Крива Паланка вчера попладне под Царев Врв на Осоговските планини, на 2000 метри надморска височина пронашле и остраниле триесетина автомобилски гуми и картон подготвени за потпалување и предизвикување пожар.