Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот лидер Владимир Путин сака да се сретнат и дека се организира средба меѓу двајцата.
Европската унија нема да дозволи други нации да ги напаѓаат нејзините суверени граници, рече францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро како одговор на коментарите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за Гренланд во врска со „сопственоста и контролата“ на огромниот арктички остров што е дел од Данска повеќе од 600 години.
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами денеска изјави дека е уверен дека повторно избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го признава Гренланд како дел од Кралството Данска, но нагласи дека неговата реторика може да биде дестабилизирачка.
Русија ја поздравува изразената подготвеност на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ги реши проблемите преку дијалог, изјави во петокот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврдувајќи ја подготвеноста на рускиот претседател Владимир Путин за разговори со Трамп но за кои подготовките ќе почнат дури по неговата инаугурација.