1 (6) ■ вести > свет ■ 15-Jan 07:30 -> 15-Jan 09:03
.
.
.
.

📷 УАПСЕН Е ЈУЖНОКОРЕЈСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ 3.000 полицајци маршираа кон неговата резиденција

  • Приведен суспендираниот претседател на Јужна Кореја, Јун

Суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол денеска е приведен поради тоа што накратко воведе воена состојба во декември, јави официјалната новинска агенција Јонхап.

Суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол денеска е приведен поради тоа што накратко воведе воена состојба во декември, јави официјалната новинска агенција Јонхап.

7 (36) ■ вести > македонија > политика ■ 13-Jan 13:47 -> 14-Jan 23:39
.
.
.
.

Гаши: Прашањата за разрешувања или оставки се во надлежност на Комисијата за избори и именувања

  • Даути: Изгласаната интерпелација според заклучокот значи мое разрешување или дејствување под диктат на Левица и ВМРО-ДПМНЕ

  • Изгласувањето на интерпелацијата значи мое разрешување или дејствување под диктат на Левица и ВМРО-ДПМНЕ, вели Даути

  • СДСМ бара Гаши да каже што ќе преземе и кои се следните чекори по изгласувањето недоверба за Илире Даути

Претседателот на Собранието Африм Гаши попладнево преку соопштение информира дека неговата улога како претседател завршила со процесот на интерпелација на претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути.

Пратеничката на Алијансата за Албанците дел од „Европски фронт“, Илире Даути во пишана изјава до медиумите нагласува дека изгласаната интерпелација минатиот петок поднесена од Левица според донесениот заклучок значи нејзино разрешување или дејствување под диктат на Левица и ВМРО-ДПМНЕ.

Два дена откако во Собранието беше изгласана интерпелацијата за пратеничката на Алијанса за Албанците, која е дел од „Европски фронт“, Илире Даути таа денеска се огласи со пишана изјава до медиумите во која вели дека според донесениот заклучок изгласувањето значи нејзино разрешување или дејствување под диктат на Левица и ВМРО-ДПМНЕ.

„Без разлика на скриените мотиви на Левица, ЗНАМ и ДПМНЕ, не може интерпелација да нема никаква правна последица“, велат од партијата Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) бара од претседателот на Собранието Африм Гаши да каже кои се следните чекори што ќе се преземат откако во петокот на пленарна седница беше изгласана интерпелацијата за претседателката на Комисијата за социјални работи, демографија и млади Илире Даути.

8 (29) ■ вести > македонија > политика ■ 13-Jan 16:39 -> 15-Jan 07:30
.
.
.
.

Николоски: Експресниот пат Градско – Дреново е реалност, од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути

  • Мицкоски: Делницата Градско - Дреново означува нов почеток на развојот на Централна и Југозападна Македонија

  • Мицкоски: Пуштена е делницата Градско-Дреново, продолжува изградбата на автопатот од Прилеп до Битола

„Убаво е кога се отвораат капитални проекти.

Пуштена е во употреба делницата Градско - Дреново, дел од експресниот пат Градско - Фариш, во должина од 15,5 километри.

Премиерот Христијан Мицкоски на денешното свечено пуштање во употреба на експресниот пат Градско-Дреново истакна со пуштањето на овој пат, како и дел од пругата кон Бугарија и патот Куманово- Крива Паланка се проекти кои ќе го одбележат почетокот на оваа година.

9 (29) ■ вести > свет ■ 13-Jan 10:24 -> 15-Jan 08:44
.
.
.
.

Тајмс оф Израел: Хамас и Израел ги финализираат деталите за спроведувањето на договорот за заложници

  • Напредок во преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и ослободување на заложниците

  • Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот вo Појасот Газа

Израел и Хамас синоќа постигнаа начелен договор за размена на заложници и во моментов работат во Доха на финализирање на деталите од договорот, изјавија двајца арапски претставници за „Тајмс оф Израел“.

Американските и арапските посредници постигнаа значителен напредок во посредувањето за прекин на огнот во војната меѓу Израел и палестинската група Хамас и ослободувањето на десетици заложници кои се уште се држат во Појасот Газа, но конечниот договор сè уште не е постигнат, изјавија денеска официјални лица.

Палестинската милитантна група Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на десетици заложници – изјавија двајца неименувани претставници вклучени во преговорите во Доха.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија