Полицијата врши увид во Керамидница каде изутрината беше фрлена експлозивна направа во двор од куќа при што беше повредено едно лице кое е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Едно лице е повредено откако утрово во 9:20 часот во двор од куќа во скопската населба Ќерамидница била фрлена експлозивна направа, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Бомбата која утрово експлодираше во двор во скопската населба Керамидница, предизвика сериозна вознемиреност, бидејќи го повреди Раде Трајковски – Штекли, кој беше пренесен во болница.
Утрово била фрлена бомба во дворот на Раде Трајковски – Штекли, при што тој се здобил со повреди и итно бил пренесен во болница, потврдуваат извори од МВР за Пулсинфо.