1 (40) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 14-Nov 11:00 -> 14-Nov 15:44
.
.
.
.

МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот

  • Тошковски очекува „Сејф сити“ да биде целосно функционален во текот на идната година

  • Сејф сити ќе регистрира минување на црвено светло, непрописно паркирање и брзо возење

  • Тошковски за случајот во Керамидница: Јасно и одлучно ќе се бориме против криминалот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посетил Одделението за персонализација во МВР каде била промовирана новата машина за печатење на лични документи.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на платформата „100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ денеска во Владата, прашан кога ќе биде пуштен во употреба системот за безбеден град „Сејф сити“, рече оти се надева дека во текот на 2025 година овој систем ќе има целосна функционална примена.

Министерот за внатрешни работи во Владата учествуваше во платформата „100% посветено за тебе“, каде што за јавноста во фокус беа мерките и политиките за безбедноста, одбраната и правдата.

Добро е што немаме животозагрозувачка состојба на никого во овој момент, лошо е што криминалните банди си „хараат“ и денеска, но, соодветно, одлучно и сурово како институции ќе одговориме на сите оние кои што го „реметат“ мирот на македонските граѓани, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во врска со денешниот настан во кој експлозивната направа била фрлена во двор во скопска Керамидница.

2 (45) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 14-Nov 10:06 -> 14-Nov 16:12
.
.
.
.

Увид на местото каде беше фрлена експлозивна направа во Керамидница

  • ФРЛЕНА БОМБА ВО ДВОРОТ НА РАДЕ ШТЕКЛИ Трајковски бил повреден при експлозијата

  • Бомбата за Раде Штекли најавена на „тикток“ | ВИДЕО

  • Силна експлозија во Ќерамидница, жолта полициска лента и крим-техника на местото – обид за ликвидација на Раде Трајковски – Штекли

Полицијата врши увид во Керамидница каде изутрината беше фрлена експлозивна направа во двор од куќа при што беше повредено едно лице кое е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Утрово била фрлена бомба во дворот на Раде Трајковски – Штекли, при што тој се здобил со повреди и итно бил пренесен во болница, потврдуваат извори од МВР за Пулсинфо.

Бомбата која утрово експлодираше во двор во скопската населба Керамидница, предизвика сериозна вознемиреност, бидејќи го повреди Раде Трајковски – Штекли, кој беше пренесен во болница.

Пред жолтата лента камерите на медиумите, а зад неа камерите од домот на Раде Трајковски – Штекли.

4 (25) ■ вести > македонија ■ 12-Nov 06:06 -> 14-Nov 16:48
.
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: Предлог-буџетот е развоен со социјална компонента, зад бројките стои нов концепт

  • Премиерот не открива која е банката која прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите од унгарскиот заем, повеќе детали ќе открие по средбата со македонските банкари

  • Димитриеска Кочоска: Штетите кои ги предизвика СДС во министерство за финансии се огромни, следува ревизија и одговорност

Предлог-буџетот за 2025 година се базира на реални макроекономски претпоставки и фискални проекции и обезбедува непречено функционирање на институциите на државата и редовно сервисирање на обврските, нагласи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во нејзиното обраќање пред пратениците на првиот ден од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска не сакаше на новинарите да им открие која е банката која прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија, информација која вчера ја сподели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

„Растот на приходите поради борба со корупција и криминал, предмети кои во скоро време ќе почнат да излегуваат каде што точно се гледа колку штети има на буџетот.

5 (5) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 14-Nov 16:03 -> 14-Nov 16:44
.
.
.
.

ЈА ТЕРАЛА МАЛОЛЕТНАТА ЌЕРКА ДА СПИЕ СО МАЖИ ЗА ПАРИ Кривична пријава за мајка-макро од Свети Николе

  • Мајка ја подведувала својата малолетна ќерќа на проституција

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе, поднесе кривична пријава против Љ.Н.(42) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете”, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). „Пријавената, во периодот од 2020 до 24.10.2024, ја наведувала нејзината малолетна ќерка на проституција, за што добивала паричен надомест“, се вели во полицискиот билтен.

Полицијата поднесе кривична пријава против Љ.Н.(42) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

6 (113) ■ вести > свет ■ 12-Nov 07:30 -> 14-Nov 16:43
.
.
.
.

Рамасвами и Маск со план за укинување на ФБИ и масовно отпуштање владини службеници

  • Трамп пристигна во Белата куќа на средба со Бајден

  • Маск доби позиција во администрацијата на Трамп

  • Бајден и Трамп денеска ќе имаат средба во Белата куќа

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) треба да биде укинато, а 1,5 милиони вработени во владата да бидат отпуштени како дел од новото Одделение за намалување на трошоците (DOGE), предложено од новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во Белата куќа на средба со актуелниот претседател Џо Бајден.

Извршниот директор на Тесла и Платформата X, Илон Маск, и поранешниот републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами ќе го предводат Одделот за владина ефикасност во администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе се сретне со претседателот во заминување Џозеф Бајден, една недела откако тој како републикански кандидат го освои потребниот број електорски гласови за втор претседателски мандат.

9 (83) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Nov 07:31 -> 14-Nov 16:48
.
.
.
.

За опозицијата, Предлог-буџетот е неразвоен, скратени се средства за енергетиката ....

  • Информацијата за именувањето на директорот на АНБ на дневен ред на Комисијата за надзор на работата на АНБ и на АР

  • (ВИДЕО) Филипче: Само за камати за унгарскиот кредит годишно ќе се платат 18 милиони евра

  • ▷ Прекината седницата на Комисијата за надзор на работата на АНБ и АР

Опозицијата денеска на првиот ден од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година оцени дека се работи за безидеен буџет кој ќе генерира нови долгови и ќе имаме уште една изгубена година на економски план.

Во Собранието денеска е закажана седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање со единствена точка на дневен ред – Информација за незаконското именување на директор на Агенцијата за национална безбедност поднесена од пратеници од опозициската СДСМ.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање, посочи дека каматите за кредитот од Унгарија на годишно ниво ќе изнесуваат околу 18 милиони евра.

Собраниската седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање на која првично беше како единствена точка на дневен ред ставена Информацијата за незаконското именување на директор на АНБ поднесена од пратеници од опозициската СДСМ, по на моменти жестоката процедурална дебата меѓу власта и опозицијата беше прекината без да биде утврден дневниот ред.

11 (4) ■ вести > македонија ■ 14-Nov 15:34 -> 14-Nov 16:41
.
.
.

Мисајловски на Криволак ги посети македонските специјалци кои со специјалци од шест сојузници и земја – партнер ги развиваат своите способности

  • Мисајловски на Криволак ги посети македонските специјалци на заедничка обука со сојузнички единици

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на „Криволак“ ги посети припадниците на Баталјонот за специјални сили кои на најголемиот армиски полигон заедно со специјалците од Албанија, Бугарија, Црна Гора, Грција, Романија, Турција и Босна и Херцеговина ја реализираат вежбата „Wise wolf 2024“, соопшти Министерството за одбрана.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (14 ноември) на „Криволак“ ги посети припадниците на Баталјонот за специјални сили кои на најголемиот армиски полигон заедно со специјалците од Албанија, Бугарија, Црна Гора, Грција, Романија, Турција и Босна и Херцеговина ја реализираат вежбата „Wise wolf 2024“.

Повеќе од
оваа категорија

37 (6) ■ спорт > мои пари ■ 14-Nov 11:53 -> 14-Nov 13:48
.
.
.
.

Ракометната федерација ги исплати наградите за националните селекции

  • РФМ ги исплати премиите на машката и женската репрезентација за пласман на СП и ЕП

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024 г.) ги исплати наградите на националните селекции во износ од : – 2.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација, за пласманот на IHF Men’s World Championship 2025 кое ќе се одржи во Хрватска,Норвешка и Данска ; – 1.000.000,00 денари на младинската селекција (машка конкуренција), за освоено 9-то место на M20 EHF EURO Championship 2024, кое се одржа во Р. Словенија ; – 2.000.000,00 денари за пласман на женската сениорска репрезентација на Women’s EHF EURO 2024, кое ќе се одржи во Унгарија, Швајцарија и Австрија ; Македонската сениорска репрезентација обезбеди пласман на IHF Men’s World Championship 2025 по одиграните бараж натпревари со селекцијата на Фарски Острови.

2.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација, за пласманот на IHF Men’s World Championship 2025 кое ќе се одржи во Хрватска,Норвешка и Данска ; – 1.000.000,00 денари на младинската селекција (машка конкуренција), за освоено 9-то место на M20 EHF EURO Championship 2024, кое се одржа во Р. Словенија ; – 2.000.000,00 денари за пласман на женската сениорска репрезентација на Women’s EHF EURO 2024, кое ќе се одржи во Унгарија, Швајцарија и Австрија ; Македонската сениорска репрезентација обезбеди пласман на IHF Men’s World Championship 2025 по одиграните бараж натпревари со селекцијата на Фарски Острови.

Повеќе од
оваа категорија

10 (7) ■ бизнис > економија ■ 14-Nov 11:22 -> 14-Nov 15:53
.
.
.
.

Мицкоски: Со потпишувањето на меморандумот меѓу ЕСМ и СОКАР треба да добиеме пониска цена на природниот гас

  • Мицкоски: Преку соработката на компанијата „СОКАР“ со АД ЕСМ државата ќе добие уште пониска цена на гас

Потпишувањето меморандум за разбирање меѓу АД ЕСМ и азербејџански СОКАР е навистина фантастична вест и е нешто позитивно за нас како држава, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската комора на Македонија-Турција (МАТО). По настанот одговарајќи на новинарско прашање, што подразбира соработката со азербејџанскиот енергетски гигант „СОКАР“ којашто денеска ја склучија со АД ЕСМ, информираше дека станува збор за компанија, преку која АД ЕСМ во последниот квартал годинава се снабдува со гас, а со меморандумот очекувањата се дека државата ќе добие уште пониска цена на гас.