1 (81) ■ вести > свет ■ 23-Sep 08:00 -> 24-Sep 23:05
.
.
.
.

САД: Треба да се спречи ескалација меѓу Израел и Хезболах

  • Израелците не исклучуваат и копнена агресија во Либан,Хезболах на удар на силни воздушни напади

  • Би-Би-Си: Израел игра многу опасна игра, копнената инвазија изгледа неизбежна

  • Галант: Илјадници ракети на Хезболах се уништени во офанзивата во Либан

Соединетите Американски Држави не поддржуваат ескалација на конфликтот што се случи во последните денови меѓу Израел и Хезболах, изјави висок функционер на Стејт департментот.

Тешко е да се поверува дека помина помалку од една недела откако комуникациските уреди што ги користи Хезболах почнаа да експлодираат низ Либан.

Мрежите на Хезболах се тешко оштетени, неговите борци се осакатени, неговото раководство е убиено, а неговата воена инфраструктура е под постојано бомбардирање.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вечерва изјави дека израелската офанзива во Либан уништила десетици илјади ракети од арсеналот на Хезболах.

2 (37) ■ вести > свет ■ 23-Sep 07:37 -> 24-Sep 22:23
.
.
.
.

ТРАМП ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Toj e најголемиот трговец во историјата и кога ќе дојде во нашата земја, си заминува со 60 милијарди долари

  • Зеленски во САД за да му го претстави својот „план за победа“ на Бајден

  • Зеленски за Еј-Би-Си Њуз: Поблиску сме до крајот на војната отколку што мислиме

  • Трамп: Зеленски сака демократите да победат на претседателските избори во САД

Kaндидатот за претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака Демократите да победат на претстојните претседателски избори во САД, на кои тој ќе се соочи со Камала Харис.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа пристигна во САД каде на американскиот претседател Џо Бајден ќе му ги претстави деталите од неговиот „план за победа“ со цел да се стави крај на руската инвазија, уверувајќи дека оваа есен ќе биде одлучувачка.

Се поблиску сме до крајот на војната, поблиску отколку што мислиме, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за Еј-Би-Си Њуз.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака демократите да победат на изборите на кои тој ќе се соочи со демократската потпретседателка Камала Харис, пренесоа британските медиуми.

3 (14) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Sep 14:15 -> 24-Sep 21:16
.
.
.
.

Муртезани: Членките на ЕУ се подготвени да ни помогнат за побрзо заокружување на пристапниот процес

  • Муртезани на состанок на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел

Земјите членки на ЕУ се подготвени да ни помогнат во процесот на пристапување кон Унијата, со цел да го заокружиме колку што е можно најбрзо, изјави за МИА министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој денеска во Брисел учествуваше на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК). Главна тема на заседанието на ГАК беше Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2024 година, со кој годинава покрај земјите членки на ЕУ, првпат беа опфатени и четирите држави од Западниот Балкан вклучени во пристапниот процес – Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.

На покана на унгарското претседателство со Советот на ЕУ, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, утре во Брисел ќе учествува на официјалниот состанок на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК). – Ова е прво учество на министри од земји-кандидати за членство во Унијата, заедно со земјите-членки да бидат дел од формалниот ГАК на кој ќе се дискутира за Извештајот на Европската комисија за владеење на правото, велат од Министерството за европски прашања.

5 (14) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 16:17 -> 24-Sep 17:35
.
.
.
.

Владата ги укина лиценците за интернет игри на среќа

  • Влада: Се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа

Поради неправилности во работењето, пропусти и основани сомнежи за незаконско работење и постапување Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои информацијата во врска со потребата за престанување на Друштвото за приредување на електронски игри на среќа, Нова Државна видео лотарија НОВО ВЛТ ДОО – Скопје и друштвата за приредување интернет игри на среќа, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – МОЗЗАРТ ДОО Скопје, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – 77 БИТС ДОО Скопје и Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – ВЕЗУВ ДОО Скопје, во кои содружник е Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Македонија и преземање активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа на Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО – Скопје.

Денеска Владата на Република Северна Македонија ја одржа 22 седница.

7 (4) ■ вести > фудбал ■ 23-Sep 23:01 -> 24-Sep 22:42
.
.
.
.

Прва радост за Комо, очаен старт на сезоната на Аталанта

  • Комо ја изненади Аталанта, од Бергамо се враќа со прва победа во Серија А! (ВИДЕО)

Комо ја слави првата победа во новата сезона во Калчо-лигата, прва во Серија А по 21 година пауза, откако тимот на Цеск Фабрегас приреди големо изненадување како гостин славејќи против Аталанта со 2-3. Фабрегас се соочуваше со опасност од отказ, но одличното издание во Бергамо и заслужениот триумф на неговиот тим дефинитивно ќе му донесат мир на младиот шпански стратег во наредниот период.

Тимот на Сеск Фабрегас направи изненадување откако со 3-2 славеше на гостувањето кај Аталанта, ова беше прв триумф за Комо оваа сезона во Серија А. Мечот меѓу Аталанта и Комо требаше да се игра вчера, но беше празакажан за денеска поради силниот дожд во Бергамо.

9 (17) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 11:32 -> 24-Sep 20:48
.
.
.
.

Нека му е со среќа, рече Мицкоски за изјавата на Снопче дека ќе ја напуштат Владата ако се донесе Законот за бранители

  • НА ДВАЈЦАТА НЕКА ИМ Е СО СРЕЌА Мицкоски до Ахмети за најавените протести и до Снопче за заканите со излегување од Владата

Нека му е со среќа, вака премиерот Христијан Мицкоски ја коментираше изјавата на пратеникот Халил Снопче кој рече дека ако се изгласа законот за бранители Вреди ќе ја напуштат владата.

Нека му е со среќа – вака кусо и отсечно премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше најавата на пратеникот од Вреди Халил Снопче, кој синоќа го повтори ставот на албанската коалиција дека ќе ја напуштат Владата доколку се усвојат измените на Законот за бранители без да биде предвидено обештетување и за поранешните борци на ОНА.

13 (15) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Sep 22:04 -> 24-Sep 22:53
.
.
.
.

Ангелов за Законот за бранители: Неприменлив и е политички маневар за дневно – политички цели

  • Петровска: Наместо писма, ВМРО-ДПМНЕ да го задолжи Гаши да ја закаже Комисијата за Законот за бранители

Претседателот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, оцени дека Предлог законот за бранители поднесен од пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска, е неприменлив и е политички маневар за дневно – политички цели.

Изјавите на претставниците на партиите од власта поврзани со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства по скратена постапка дека се работи за провокација или обид за дестабилизација се пораз за демократијата, демант на сите изјави на тие политичари дека се свесни за значењето на соживотот, меѓуетничките односи, интеграцијата во ЕУ и својата улога во општеството, изјави денеска пратеничката на опозициската СДСМ, Славјанка Петровска, која е предлагач на законот.

14 (4) ■ вести > македонија ■ 24-Sep 21:32 -> 24-Sep 22:36
.
.
.
.

Србија Карго изнајми четири електрични локомотиви на Железниците на Македонија

  • ▷ „Србија Карго“ ѝ изнајми четири електрични локомотиви на „Железниците на Северна Македонија“

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки Србија Карго денеска соопшти дека склучило договор со Железницата на Северна Македонија – Транспорт АД Скопје, на која ќе и изнајми четири електрични локомотиви од серијата 461, со што е воспоставена стратешка соработка на две државни железнички компании во областа на железничкиот транспорт на стоки, јави дописникот на МИА од Белград.

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки „Србија Карго“ денеска соопшти дека склучило договор со „Железници на Северна Македонија – Транспорт“ АД Скопје, на која ќе ѝ изнајми четири електрични локомотиви од серијата 461, со што е воспоставена стратешка соработка на две државни железнички компании во областа на железничкиот транспорт на стоки, јави дописникот на МИА од Белград.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

100 (4) ■ сцена > култура ■ 24-Sep 10:30 -> 24-Sep 13:27
.
.
.

„Пијан Славеј“ на летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ

  • Летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ му даде крилја

На летната Сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) вечер ќе настапи „Пијан Славеј“, музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски со нивната нова македонска шансона, која го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.

Во Македонскиот народен театар изминатата недела се случи отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“, која ги сплоти публиката, актерите, режисерите, музичарите и сите уметници, на едно убаво место - плато/летната тераса покрај течението на реката Вардар.