1 (43) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Apr 12:02 -> 24-Apr 19:52
.
.
.
.

Мицкоски: Мерките дадоа резултат, цените на храната се намалија дури и според кошничката од синдикатот

  • Платите ќе растат, животниот стандард на граѓаните ни е пред и над сѐ

  • Мицкоски: Ако обвинителот одлучи дека треба да одам во затвор, ќе одам, и затворот е за луѓе

  • МИЦКОСКИ ЗА СУДСКИОТ СОВЕТ: Се уште седат и земаат илјадници евра плата, а уживаат доверба помала од 2 проценти, образ ѓон

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека цените на храната се намалени дури и по потрошувачката кошничка која ја прави еден од синдикатите и посочи дека таа кошничка која ја спрема владата кога ќе биде готова ќе биде дадена на увид, но ќе ги содржи сезонските производи и просечните цени од повеќе маркети, а не само од скапите.

Апсолутно дека наш главен приоритет е стандардот на граѓаните и главен фокус на работењето на оваа Влада е да имаме подобар стандард и услови за живеење на нашите сограѓани, рече тој.

За пет месеци од денеска ќе почне кампањата за локалните избори и граѓаните ќе кажат чија кариера завршува, а чија почнува.

Вие пратениците изгласавте недоверба на членовите на Судскиот совет.

5 (4) ■ вести > македонија ■ 24-Apr 21:59 -> 24-Apr 23:00
.
.
.

Внимавајте каде паркирате – МВР со зајакнати мерки за непрописно паркирање во централно градско подрачје

  • МВР: Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје

Денеска во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот при што преземени се вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило “пајак” и 2 мерки по останати прекршоци.

Денеска во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот при што преземени се вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило “пајак” и 2 мерки по останати прекршоци.

9 (23) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Apr 10:37 -> 24-Apr 15:17
.
.
.
.

Таравари: За излегување на АА од Владата одлучува премиерот, да бидеме рационални и да не брзаме

  • Таравари: На располагање сме како министерство да помогнеме на сите акции за да се исчисти криминалот и корупцијата во здравството

  • Таравари: Алијанса за Албанците ќе излезе од Владата ако премиерот смета дека не сме потребни

Премиерот формира Влада и тој одлучува дали Алијанса за Албанците треба да биде во Владата.

Како Министерство за здравство стоиме на располагање за да се исчисти криминалот и корупцијата во здравство, порача денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, кој во при посетата на Кумановската болница одговараше на новинарско прашање за вчерашната акција на полицијата во врска со незаконско доделување на инвалидски пензии.

Лидерот на дел од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, вели дека тие ќе излезат од Владата само доколку премиерот смета дека не се потребни.

10 (25) ■ вести > балкан > регион ■ 23-Apr 20:29 -> 24-Apr 20:16
.
.
.
.

Пропаднал обид за апсење на Милорад Додик

  • Додик по обидот за апсење: Во Република Српска нема да се спроведуваат законите на БиХ

  • СИПА се обиде да го приведе Додик во источно Сараево, се спротивстави полицијата на Српска

Припадниците на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) се обидоа да го уапсат претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во Источно Сараево, дел од главниот град на Босна и Херцеговина (БиХ) со мнозинско население на Срби.

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, откако агентите на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) синоќа се обидоа да го приведат во владината канцеларија на РС во Источно Сараево, се закани дека законите на БиХ повеќе нема да се спроведуваат на територијата на Република Српска, јави Хина.

СИПА пристигнала во Административниот центар на Владата на РС во источно Сараево, каде во моментов е сместен претседателот на РС Милорад Додик.

12 (15) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 24-Apr 13:35 -> 24-Apr 17:32
.
.
.
.

Под истрага 49 лица за злоупотреби во постапки за стекнување со право за туѓа нега и право на инвалидски пензии

  • Сузбиени две криминални групи за злоупотреби со инвалидски пензии

По повеќемесечна предистражна постапка што се водеше во рамките на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден под раководство на предметниот јавен обвинител, Министерството за внатрешни работи спроведе акција во која беа извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на Скопје, Велес, Тетово и Гостивар.

Сузбиени две криминални групи за злоупотреби за стекнување со право за туѓа нега и за инвалидски пензии, кривична пријава против 49 лица, лишени од слобода 23, по едно лице се трага.

13 (49) ■ вести > македонија > хроника ■ 23-Apr 07:00 -> 23-Apr 23:36
.
.
.
.

Палевски: Панче 10 години се занимавал со Манев, имало нетрпение и омраза меѓу нив

  • Продолжува судењето за убствата на Вања и Панче – Палчо ќе добие нов адвокат по службена должност ако не се појави неговиот

  • Палевски ја фрла вината на Манев – повеќе од бекатон плочки имаше меѓу нив

  • ПАЛЧО ТВРДИ ДЕКА СО КВАЛИТЕТЕН ЌОТЕК СЕ ИЗНУДЕНИ ИСКАЗИ ПРОТИВ НЕГО „Нарачаната пресуда се темели на едно фалсификат видео и на два трагично смешни искази“, вели Палевски

Првообвинетот во предметот заа убиството на Вања и Панче, Љупчо Палевски Палчо потенцираше дека притисок се правел врз Велибор Манев како и врз Ерол Османи кај кого бил да поправа котли во периодот на убиството на Панче Жежовски.

Денеска во Кривичен суд е закажано ново рочиште за грозоморните убиства на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски.

Осомничениот за убиствата на Вања и Панче, Љупчо Палевски тврди дека сведоците на чии искази се темели обвинението против него биле под притисок и дека нивните изјави не соодветствуваат со вистината.

Ќотекот од 2 недели не е случаен и не е измислено само лажното тврдење дека Александар ми давал информации, туку и сите останати тврдења на Манев и на Кешишев се последица од квалитетен ќотек и потребите на Обвинителството да ме произведат во монструм, како што ме нарекувал началникот Дејан Димовски на 03.12.2023, рече првообвинетиот Љупчо Палевски денеска во судот додека одговараше на прашања од неговиот адвокат Јовица Страшевски.

Повеќе од
оваа категорија

21 (20) ■ спорт > фудбал ■ 23-Apr 10:14 -> 24-Apr 20:30
.
.
.
.

Фабио Капело: Ароганцијата на Инѕаги го уби Интер против Милан

  • Милан го декласира Интер и се пласираше во финалето на Купот на Италија

  • ВИДЕО: Блесок на Лука Јовиќ, Милан го шокира Интер и обезбеди Куп-финале

Убедливиот триумф на Милан во полуфиналето на Копа Италија над градскиот ривал Интер дојде како резултат на ароганцијата на тренерот на „Нераѕурите“, Симоне Инѕаги, смета прославениот италијански стручњак Фабио Капело.

Во реваншот од полуфиналето на фудбалскиот Куп на Италија, Милан синоќа како гостин го совлада градскиот ривал Интер со 3:0. Стрелец на првите два гола беше Лука Јовиќ (36. и 50. минута), конечниот резултат го постави Тејани Рејндерс во 85. минута.

Екипата на Милан е првиот патник во финалето од Купот на Италија откако успеа со конечни 0-3 (0-1) да го совлада вечниот градски ривал, Интер.

Повеќе од
оваа категорија

43 (6) ■ бизнис > македонија ■ 24-Apr 13:53 -> 24-Apr 15:01
.
.
.
.

Мицкоски: Во преговори сме со инвеститори за капитален развој за проекти во висина од пет до шест милијарди евра

  • Мицкоски најавува економски бум: Инвестиции во здравство, патишта и пруги

Во периодот кој што следи убеден сум дека успешно ќе испреговараме и ќе заокружиме инвестициски план помеѓу пет и шест милијарди евра кои што ќе се случат во Македонија, за изградба на локални, регионални и експресни патишта, клинички центри, како и пруги и ски центри, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите?“ вели дека се преговара за инвестирање на 5 до 6 милијарди евра за капитални проекти во локални, регионални и експресни патишта, инвестициски бран во здравството за изградба на клинички центри и болници, како и пруги и ски центри.

94 (4) ■ бизнис > економија ■ 24-Apr 10:10 -> 24-Apr 10:31
.
.
.

Продажбата на „Тесла“ на пазарот на ЕУ со пад од 45 отсто

  • ПРОДОЛЖИ ДА ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА ТЕСЛА: Еве што се случува

Продажбата на „Тесла“ на пазарот на ЕУ продолжи да паѓа во првиот квартал од 2025 година, со намалени регистрации за 45 отсто на годишно ниво, покажаа податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA). Во ЕУ, бројот на регистрирани возила на „Тесла“ падна на 36.167 во споредба со 65.774 во првите три месеци од 2024 година, што е најголем релативен пад во тој период меѓу големите производители на автомобили.

Продажбата на „Тесла“ на пазарот на ЕУ продолжи да паѓа во првиот квартал од 2025 година, со намалени регистрации за 45 отсто на годишно ниво, покажаа податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA). Во ЕУ, бројот на регистрирани возила на „Тесла“ падна на 36.167 во споредба со 65.774 во првите три месеци од 2024 година, што е најголем релативен пад во тој период меѓу големите производители на автомобили.

109 (8) ■ бизнис > македонија ■ 23-Apr 10:42 -> 23-Apr 12:48
.
.
.
.

СЕКОЈ ТРГОВЕЦ КОЈ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ДОБАВУВАЧ, ГО УЦЕНУВА И ДИКТИРА УСЛОВИ, РИЗИКУВА САНКЦИИ - се огласи КЗК: Да се почитува Законот за забрана на нефер трговски практики

  • КЗК: Почнуваат почести контроли – трговците мора да ги прекинат нефер практиките

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) упатува јавно предупредување и повик до сите големи трговски синџири, супермаркети, добавувачи и дистрибутери да постапуваат строго согласно Законот за забрана на нефер трговски практики („Службен весник на РСМ бр. 66/24“), со цел да се обезбеди фер, транспарентен и законски пазар во интерес на економијата, производителите и потрошувачите.

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) упати јавно предупредување и повик до сите големи трговски синџири, супермаркети, добавувачи и дистрибутери да постапуваат строго согласно Законот за забрана на нефер трговски практики („Службен весник на РСМ бр. 66/24“), со цел да се обезбеди фер, транспарентен и законски пазар во интерес на економијата, производителите и потрошувачите.

166 (4) ■ сцена > живот ■ 23-Apr 09:30 -> 24-Apr 22:19
.
.

Скулптура на Џакомети може да достигне цена од 70 милиони долари

  • Скулптура на Џакомети проценета на 70 милиони долари

Скулптура на швајцарскиот уметник Алберт Џакомети (1901-1966) би можела да биде продадена на наддавање во Њујорк за повеќе од 70 милиони долари, објави аукциската куќа Sotheby’s. Бронзената скулптура „Grande tête mince“ (Голема тенка глава) е направена и насликана во 1955 година, а Sotheby’s наведува дека го прикажува Диего, братот на Џакомети.

Скулптура на швајцарскиот уметник Алберто Џакомети (1901 – 1966) би можела да достигне цена од повеќе од 70 милиони американски долари (околу 61,5 милиони евра) на претстојното наддавање во Њујорк, соопшти вчера аукциската куќа „Сотби’с“. Уметничкото дело „Голема тенка глава“ ( ), создадено во 1955 година, според аукционерите, го прикажува братот на Џакомети – Диего.