Соопштение на ДУИ Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбр Адеми денеска соопшти дека во текот на следните денови ќе излезат со целосна документација и докази за тоа кој, како и на кој начин дозволил да се случи грозоморната трагедија во Кочани.
Денеска на прес конференција Арбр Адеми од ДУИ истакна дека Владата со конструкции се обидува гневот да го насочи кон барање одговорност каде што ја нема.