Месец дена подоцна, и натаму останува мистерија каде е Артан Груби.
Се води соодветна постапка под надлежност на Јавното обвинителство за тоа дали бегството на Артан Груби е организирано, дали имало други вмешани и така натам, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во одговор на новинарско прашање на прес конференцијата по седницата на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека во моментов се собираат повеќе докази за тоа дали полицискиот службеник кој бил на смена кога поранешниот вицепремиер Артан Груби ја напуштил државата направил грешка од невнимание или пак тоа било орагнизирано во рамки на одредена група која го организирала бегството.