Додека на сите меридијани одекна веста дека неповторливиот синеаст замина во Бесмртноста на Филмското небо, се сеќавам на моето детство во Скопје, кога го гледав во нашиот фамилијарен дом во Аеродром, неговиот култен филм „Човекот Слон“ и низ солзи се молев за трагичната судбина на Херојот: Оставете да живее независно што е различен од другите, спасете го! Подоцна со нашата преселба во Париз и бројните презентации на неговите филмови кои влегуваат во антологијата на светската кинематографија, сватив дека естетиката на Линч беше толку мистериозна, што тој всушност беше олицетворение на една од најголемите авторски одисеи чија што суштина и таинственост нашите очи нема никогаш до крај да ја откријат! Novamakedonija