1 (9) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 18-Mar 18:05 -> 18-Mar 21:38
.
.
.
.

МУ ВПЕРИЛ ПЛАСТИЧЕН ПИШТОЛ: Ученик во велешко училиште со лисици врзал соучесник

  • Ученик од шесто одделение во Велес врзал со лисици соученик и му вперил пластичен пиштол!

Ученик во велешко училиште со лисици врзал соучесник и му вперил пластичен пиштол.

Во Основното општинско училиште во Велес денеска во 10 часот било пријавено дека малолетен ученик во училиштето врзал со лисици негов соученик и му вперил пластичен пиштол.

4 (27) ■ вести > македонија > регион ■ 18-Mar 08:24 -> 18-Mar 13:30
.
.
.
.

Таравари: Сите пациенти хоспитализирани во Солун се во стабилна состојба

  • Таравари во придружба на грчките заменик-министри за внатрешни и надворешни работи ќе ги посетат повредените во Солун

  • Муцунски од Солун ѝ се заблагодари на Грција за помошта и посочи дека солидарноста не треба да се заборави

Сите пет пациенти примени во болниците во Солун се во стабилна состојба, објави министерот за здравство Арбен Таравари, кој заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, изутринава беа во посета на повредените од пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во болницата „Папаниколау“ и Воената болница во Солун.

Повредените во пожарот во Кочани, кои се хоспитализирани во две солунски болници, утрово ќе ги посети министерот за здравство Арбен Таравари, а ќе го придружуваат заменик-министерот за внатрешни работи на Грција Костас Јулекас надлежен за областите Македонија и Тракија и заменик-шефот на грчката дипломатија Тасос Хаѕивасилиу, јави дописничката на МИА од Атина.

Ова беше најтрагичниот момент во историјата на мојот народ, момент што засекогаш ќе остане во колективната меморија, но исто така она што ќе остане во нашата колективна меморија и не треба никогаш да го заборавиме е солидарноста што ја добивме, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од Солун по посетата на повредените од пожарот во Кочани, хоспитализирани во болницата Папаниколау, јави дописничката на МИА од Грција.

5 (21) ■ вести > македонија > хроника ■ 18-Mar 13:17 -> 18-Mar 17:21
.
.
.
.

ПОВЕЌЕ РАЗРЕШУВАЊА ВО МВР: Тошковски донесе одлука да бидат разрешени 6 началници и еден командир во Штип и Кочани

  • Тошковски разреши седум началници од СВР Штип и ОВР Кочани

  • Тошковски смени полициски началници и командири во Штип и Кочани

Mинистерот Панче Тошковски по несреќата во Кочани донесе одлуки за повеќе разрешувања, објави порталот Курир.

Министерсвото за внатрешни работи денеска разреши седум началници во СВР Штип и ОВР Кочани, поради трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани.

Поради несреќата во дискотеката во Кочани, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, донесе одлука за ослободување од должност на раководители, заменици и команданти во Штип и Кочани, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

6 (34) ■ вести > свет ■ 17-Mar 07:12 -> 18-Mar 20:36
.
.
.
.

Пратеник на Путин: Светот денеска стана многу побезбедно место

  • Трамп: Со големо нетрпение го очекувам разговорот со Путин

  • Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе зборуваме за поделба на ресурси“

  • Путин му рекол на Трамп дека сака да ја прекине воената разузнавачка помош за Украина

Кирил Дмитријев, специјален пратеник на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека под водство на неговиот шеф и американски претседател Доналд Трамп, светот денеска стана многу побезбедно место.

Многу од елементите на конечниот договор за Украина се договорени, но останува и многу работа, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп пред разговорот со рускиот колега Владимир Путин.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека утре ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за можниот крај на тригодишната војна во Украина, по позитивниот исход од разговорите меѓу американските и руските претставници во Москва.

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараа околу час и половина.

8 (72) ■ вести > македонија > хроника ■ 16-Mar 09:17 -> 18-Mar 17:18
.
.
.
.

Мицкоски: Правиме сѐ што можеме да спасиме што повеќе човечки животи

  • Мицкоски: Нема да има милост кон никого, од утре почнува робусна акција за проверка на сите угостителски објекти

  • Мицкоски не поднесува оставка: Прво ќе ги поразам сите кои го доведоа овој систем да биде корумпиран, па ќе одиме на избори

  • Мицкоски ќе ги посети повредените од пожарот во ГОБ „8 Септември“

Јас немам што да додадам на тоа што претходните говорници го кажаа.

Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата најави дека од утре ќе почне робусна акција на проверка на сите документи во угостителските објекти, по страотниот пожар во дискотека во Кочани, во кој досега загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

Премиерот Христијан Мицкоски нема да поднесе оставка поради трагичната несреќа во која загинаа 59 луѓе.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ги посети повредените од пожарот во Кочани, а кои се лекуваат во ГОБ „8 Септември“ Скопје.

11 (6) ■ вести > свет ■ 18-Mar 18:25 -> 18-Mar 19:52
.
.
.
.

Бела куќа: Трамп и Путин се согласија дека војната треба да заврши со траен мир

  • Белата куќа: Трамп и Путин разговараа за потребата од мир и прекин на огнот во Украина

Русија се согласи на ограничен прекин на огнот, или суспензија на нападите врз украинската енергетска инфраструктура за 30 дена, одлуката е донесена по разговорот меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин кој траеше околу час и половина, потврди Белата куќа.

Русија се согласи на ограничен прекин на огнот, или суспензија на нападите врз украинската енергетска инфраструктура за 30 дена, одлуката е донесена по разговорот меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин кој траеше околу час и половина, потврди Белата куќа, објави Би-Би-Си. Во соопштението објавено по повикот на двајцата претседатели, Белата куќа рече дека двете страни се согласиле да одржат „технички преговори“ за прекин на огнот во регионот на Црното Море, како и за целосен прекин на огнот и на крајот – постојан мир.

12 (54) ■ вести > македонија > хроника ■ 16-Mar 11:16 -> 18-Mar 21:53
.
.
.
.

Коцевски: Вкупно 14 лица осомничени за тешки дела против општа сигурност за несреќата во Кочани

  • ЈОРСМ: Во истрагата за пожарот во Кочани се вклучува и обвинител од ОЈО Штип

  • Градоначалникот на Кочани Папазов на сослушување пред обвинител во ОЈО Кочани

  • Изјава на јавниот обвинител Љупчо Коцевски (во живо)

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека во врска со несреќата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 59 лица се работи на итно процесуирање на 14 осомничени.

Поради потребата од преземање повеќе дејствија за пожарот во дискотеката во Кочани од кои дел во Основното јавно обвинителство Штип, обвинителскиот тим е проширен и е вклучен уште еден, шести јавен обвинител од штипското Oбвинителство, информираат од Јавното обвинителство.

Градоначалникот на Кочани, кој денеска си поднесе неотповиклива оставка, попладнево бил на сослушување пред обвинител во ОЈО Кочани во истрагата за пожарот во дискотеката во којшто животот го загубија 59 лица, а повеќе од 150 се повредени.

Изјава на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски кој во Кочани ги координира активностите на тимот обвинители . Изјава на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски кој во Кочани ги координира активностите на тимот обвинители назначен да ги спроведува истражните дејствија за несреќата во дискотеката „Пулс“, во која загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.

13 (60) ■ вести > македонија > хроника ■ 16-Mar 09:07 -> 18-Mar 19:33
.
.
.
.

За случајот со пожарот во дискотеката во Кочани досега приведени се 18, а задржани 16 лица, информира Тошковски

  • Извршена обдукција на 15-ина лица, 45 во критична состојба

  • Тошковски: Има приведени во врска со пожарот во кој загина 51 лице, ве уверувам дека одговорност ќе има

  • Во дискотеката имало околу 500 лица, биле продадени околу 250 влезници

За случајот со пожарот во дискотеката во Кочани досега приведени се 18, а задржани се 16 лица.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека досега е извршена обдукција на околу 15 лица кои настрадаа во дискотеката во Кочани.

Министертвото за внатрешни работи веќе има приведено лица во врска со пожарот во Кочани, во којшто загина 51 лице, а околу 100 се повредени, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во дискотеката, согласно првичните информации што го имаме, имало околу 500 лица, некаде околу 250 влезници биле продадени, согласно информациите што ги имаме добиено, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција попладнево.

Повеќе од
оваа категорија

49 (43) ■ спорт > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-Mar 09:14 -> 18-Mar 20:20
.
.
.
.

Горица отвори книга на жалост за Андреј Лазаров

  • Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров им подлегна на повредите здобиени во пожарот во Кочани

  • ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ ЗА АНДРЕЈ Хрватска Горица се прости од својот поранешен фудбалер

  • Почина фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров

Хрватскиот прволигаш Горица отвори „Книга на жалост“ во чест на македонскиот фудбалер Андреј Лазаров, кој трагично го загуби животот во страшната трагедија во дискотеката во Кочани.

Младиот фудбалер Андреј Лазаров, членот на скопски Шкупи, им подлегна на повредите додека беше хоспитализиран во болница.

Хрватскиот прволигаш Горица се прости од својот поранешен фудбалер, 25-годишниот Андреј Лазаров, кој денеска трагично го загуби животот по повредите здобиени во пожарот што избувна за време на концертот на ДНК во кочанската дискотека „Пулс“.

Фудбалерот Андреј Лазаров кој имаше 25 години и беше помеѓу повредените за жал во болницата во Штип го загубил животот.

Повеќе од
оваа категорија

176 (5) ■ бизнис > економија ■ 17-Mar 20:06 -> 17-Mar 21:29
.
.

СКСМ: Азески ја поддржа намерата на Владата за одговорност за трагедијата во Кочани

  • АЗЕСКИ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО И ЈА ПОДДРЖА НАМЕРАТА НА ВЛАДАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и членките на Комората изразуваат длабока жалост и сочувство кон сите настрадани и повредени лица и членовите на нивните семејства во трагедијата во Кочани, потенцирајќи дека Владата на премиерот Христијан Мицкоски одговорноста мора да ја издигне на највисок пиедестал.

Бротчето во Охрид, автобусот кај Ласкарци,авионите во Охрид и Скопје, модуларната болница во Тетово и последниот случај во Кочани со дискотеката „Пулс“, ја потврдија тезата дека не успеавме да изградиме држава која структурално ќе функционира во интерес на граѓаните, туку живееме во држава која 34 години после својата независност сеуште работи во корист на нивната штета.