1 (14) ■ спорт > фудбал ■ 31-Mar 17:26 -> 31-Mar 21:52
.
.
.
.

Шкендија: Дваесетина навивачи направија проблем, се дистанцираме од нив!

  • Шкендија: Минутата молк беше испочитувана, но група поединци се однесуваше неодговорно

Прволигашот од Македонија, Шкендија, излезе со соопштение за јавноста велувајќи дека жали за големата трагедија во Кочани.

По настанот на фудбалскиот меч Шкендија – Брера во Тетово каде домашните навивачи наместо минута молк за за жртвите од Кочани, пееја песни за УЧК, се огласи и фудбалскиот клуб Шкендија кој се огради од однесувањето на поединци во навивачката група „Балисти“.

2 (38) ■ вести > свет ■ 29-Mar 11:40 -> 31-Mar 22:07
.
.
.
.

Ле Пен по пресудата: Вечерва милиони Французи се бесни!

  • Марин Ле Пен прогласена за виновна за проневера на средства од ЕУ

  • Ле Пен осудена на четири години затвор и забрана за кандидирање на претседателските избори

  • Захарова: Пресудата на Ле Пен ја покажува агонијата на либералната демократија

Марин Ле Пен, лидерката на француското Национално обединување доби забрана за кандидирање на јавни функции во траење од пет години и беше осудена на четири години затвор.

Француската политичарка Марин Ле Пен е прогласена за виновна за незаконско користење на европските фондови за финансирање на нејзината крајнодесничарска партија Национален собир.

Лидерката на француската партија Национален собир (РН), Мари Ле Пен, е осудена на четири години затвор, од кои две ќе бидат условни и парична казна од 100.000 евра, објави Фигаро.

Судот во Париз ја прогласи Марин Ле Пен за виновна за злоупотреба на средствата на Европскиот парламент и ја осуди на четири години затвор, а пет години и е забрането да учествува на избори.

4 (55) ■ вести > свет > русија ■ 29-Mar 00:30 -> 31-Mar 21:44
.
.
.
.

Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја“

  • Зеленски пријавил дека неговото семејство лани имало приход од 380.000 евра

  • Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

  • Трамп бесен на Путин

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски да не го отфрла договорот за ретки минерали бидејќи може да биде „во голема неволја“.

\Украинскиот претседател Володимир Зеленски пријавил дека минатата година тој и неговото семејство оствариле приход во износ од околу 380.000 евра (15,2 милиони гривни), соопшти прес-службата на кабинетот на Зеленски.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина нема да ја признае претходно одобрената американска воена помош како заеми што треба да се вратат.

Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за Ен-би-си (НБЦ) изјави дека е „многу изнервиран“ и оти е „бесен“ на рускиот претседател Владимир Путин и се закани дека ќе воведе нови царини на руската нафта.

7 (6) ■ вести > балкан > регион ■ 31-Mar 19:41 -> 31-Mar 22:21
.
.
.
.

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

  • Силно невреме на грчкиот остров Парос, поројот носи автомобили (ВИДЕО)

Силниот и обилен дожд и невремето што попладнево ги зафати Кикладските острови во Егејското море предизвика поплави и проблеми, а најпогодени се островите Парос и Миконос каде што улиците се претворија во реки, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите и посетителите дека е забранет сообраќајот на сите возила, со исклучок на оние за итни случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Силниот и обилен дожд и невремето што попладнево ги зафати Кикладските острови во Егејското море предизвика поплави и проблеми, а најпогоден е островот Парос, каде што улиците се претворија во реки.

8 (21) ■ вести > македонија ■ 31-Mar 09:44 -> 31-Mar 13:58
.
.
.
.

АХВ: Засега нема известување од ЕУ дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни супи

  • Одземени 250 килограми грицки и оризови барови со поминат рок, казнет нелегалниот продавач

  • Пронајдени 250 килограми флипс, оризови барови и грицки со поминат рок кои се продавале на пазари низ Скопје

Засега нема известување преку Системот за брзо известување за небезбедена храна и храна за животни – (RASSF) на ЕУ дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни супи, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА.

По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со поминат рок, иснепкциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Министерството за внатрешни работи извршиле претрес на домот на возачот на возилото.

По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со поминат рок, иснепкциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) презедоа дејствија за откривање на потеклото на истите.

Повеќе од
оваа категорија

6 (33) ■ спорт ■ 29-Mar 08:20 -> 31-Mar 19:14
.
.
.
.

Меншик со емотивни зборови кон Ѓоковиќ: Почнав да играм тенис поради тебе

  • Загрижувачка снимка пред финалето: Отечено окото на Ѓоковиќ (ФОТО)

  • ПОРАЗ НА ЃОКОВИЌ ВО ФИНАЛЕТО: Односот во годините им е 37:19, а резултатот од мечот е 2:0 за чешкиот тенисер Јакуб Меншик

  • Ѓоковиќ загуби од 19-годишниот Меншик во финалето на турнирот во Мајами

Чешкиот тенисер Јакуб Меншик го освои мастерсот во Мајами откако во финалето го совлада Новак Ѓоковиќ во два сета (7:6, 7:6). Феноменалната изведба на младиот Чех против својот идол му донесе прва мастерс титула во кариерата, додека Новак на 100-тиот јубилеј ќе мора да почека.

Вечерва треба да се игра финалниот меч од Мастерсот во Мајами, а во пресрет на неговиот почеток, на социјалните мрежи се појави загрижувачка снимка.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ноќеска загуби од Чехот Јакуб Меншик во финалето на турнирот во Мајами.

19-годишниот чешки тенисер направи вистинска сензација, дојде до својот најголем успех, а во борбата за трофејот го совлада најдобриот на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.

21 (21) ■ спорт ■ 30-Mar 12:34 -> 31-Mar 09:52
.
.
.
.

Лазаров: Огромен успех за македонскиот ракомет!

  • Алкалоид избори полуфинале во Европскиот куп

  • Алкалоид ќе игра европско полуфинале!

Екипата на Алкалоид се избори за место во полуфиналето од Европскиот куп каде што ќе игра против екипата на Рунар од Норвешка, а по денешната победа над Баја Маре, Лазаров не го криеше задоволството.

Ракометарите на Алкалоид вечерва испишаа историја со пласман во своето прво европско полуфинале.

Ракометарите на Алкалоид се пласираа во полуфиналето на Европскиот куп откако денеска во Скопје ја совладаа романската Баја Маре со 32-25. Избраниците на Лазаров денеска одиграа многу подобро од противникот и заслужено стигнаа до победата откако во првиот натпревар во Романија заврши без победник 31-31. Денеска најефикасен во редовите на Алкалоид беше со седум гола, пет постигна Во полуфиналето Алкалоид ќе игра против Рунар Сандефјорд од Норвешка кој во четвртфиналето беше подобар од Олимпијакос.

Повеќе од
оваа категорија