Француската политичарка Марин Ле Пен е прогласена за виновна за незаконско користење на европските фондови за финансирање на нејзината крајнодесничарска партија Национален собир (РН). Судијата се уште не ја соопшти висината на казната, во моментов се чита пресудата.
Лидерката на партијата Национален собир, Марин Ле Пен, е прогласена за виновна за проневера на пари од европските фондови за финансирање на нејзината крајнодесничарска партија, пренесува Би-би-си. Судијата се уште не кажа колкава ќе биде казната.