Тетовскиот фудбалски клуб Шкендија, моментниот лидер на табелата во ПМФЛ се огласи со соопштение за денешното срамно однесување на навивачите додека траеше минутата молк за жртвите од несреќата во Кочани.
Поради нечовечкото однесување на пред натпреварот од 25. коло во ПМФЛ против струмичка Брера стигна реакција од Фудбалската федерација на Македонија.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагедијата во Кочани.