“На моја особена чест и задоволство би сакала да најавам дека по повод 20 години постоење, Универзитет Американ Колеџ ќе ја додели титулата Profesor Honoris Causa на проф. д-р Светлана Мојсов, која е светски призната биохемичарка, професорка на Рокфелер Универзитетот и член на Американската академија на науки, а која стои зад револуционерното откритие за лекување дијабет.” - истакна проф. д-р Венера Крлиу на настанот.
Денесka, со свечен настан на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), официјално започна одбележувањето на јубилејот – 20 години УАКС.