1 (7) ■ вести > македонија ■ 22-Jan 13:05 -> 22-Jan 13:18
.
.
.
.

ЌЕ ЛЕТАМЕ ОД СКОПЈЕ ДО ЖЕНЕВА И ДО ПАРИЗ Се воведуваат две нови авиолинии

  • Скопје -Женева и Скопје – Париз, две нови линии од скопскиот аеродром

Меѓународниот аеродром Скопје од оваа година добива две нови директни авиолинии до Женева и до Париз (аеродром Орли), кои ќе ги оперира компанијата „Изиџет“.

Министерството за транспорт денеска соопшти дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа Скопје – Женева и Скопје – Париз (аеродром Орли). Овие две дестинации, се наведува во соопштението, се воведуваат на барање на дијаспората, а ќе ги оперира авиокомпанијата Изиџет, со тоа што линијата Скопје – Париз ќе започне да се оперира од 2 април, додека линијата Скопје -Женева од 3 ноември, оваа година.

2 (8) ■ вести > македонија ■ 22-Jan 12:52 -> 22-Jan 13:18
.
.
.
.

ПРИЈАВА ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ПО СМРТТА НА НОВОРОДЕНЧИЊАТА Инспекторатот ќе покрене дисциплинска постапка за одговорност за лекарите

  • ДСЗИ бара дисциплинска постапка по смртта на новроденчињата- близначиња и стручен надзор во прилепската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе издаде решение со наредба за спроведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност кај здравствените работници кои учествувале во лекувањето и исписот на новороденчињата-близначиња кои починаа на 16 јануари, стои во наодот на Инспекторатот кој во понеделникот изврши вонреден инспекциски надзор во прилепската болница, конкретно во Гинеколошко-акушерското и во неонатолошкото одделение во случајот со починатите новороденчиња.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе издаде решение со наредба за спроведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност кај здравствените работници кои учествувале во лекувањето и исписот на новороденчињата-близначиња кои починаа на 16 јануари, стои во наодот на Инспекторатот кој во понеделникот изврши вонреден инспекциски надзор во прилепската болница, конкретно во Гинеколошко-акушерското и во неонатолошкото одделение во случајот со починатите новороденчиња.

3 (4) ■ вести > македонија ■ 22-Jan 12:59 -> 22-Jan 13:11
.
.
.
.

Без проблем пројде Предлог-одлуката за утврдување на платите на функционерите

  • Предлог-одлуката за коефициентите за платите на пратениците и на функционерите поддржана од собраниската Комисија

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска со 11 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан ја донесе Предлог-одлуката за определување на коефициентите за утврдување на плата на претседателот на Република Северна Македонија, на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и на функционерите кои ги избира и именува Собранието на Република Северна Македонија.

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска со 11 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан ја донесе Предлог-одлуката за определување на коефициентите за утврдување на плата на претседателот на Република Северна Македонија, на пратениците во Собранието и на функционерите кои ги избира и именува Собранието.

5 (21) ■ вести > свет > регион ■ 21-Jan 12:33 -> 22-Jan 12:42
.
.
.
.

Фон дер Лајен: Главен приоритет е брзо воспоставување врски со новото раководство во САД

  • Фон дер Лајен: Во геополитички променет свет ЕУ мора да промени некои работи за да ги одбрани своите вредности

  • Фон дер Лајен во Давос се изјасни за прагматичен однос со Трамп и пружена рака кон Кина

Нашата прва цел во односите со новото раководство во САД ќе биде брзо да воспоставиме врска, да бидеме подготвени за преговори и да бидеме прагматични во преговорите.

Првите три недели од 2025 година се показател за промената во глобалната политика и влеговме во нова ера на сурова геостратешка конкуренција, каде имаме работа со сили со големина на континент, кои се ангажираат меѓу себе главно врз основа на интереси, истакна денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на дебатата во Европскиот парламент посветена на резултатите од декемврискиот Самит на ЕУ. – Оваа нова динамика се повеќе ќе доминира во односите меѓу глобалните актери.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска увери дека ЕУ ќе биде „прагматична“ во односите со САД по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.

6 (11) ■ вести > македонија ■ 22-Jan 10:15 -> 22-Jan 13:03
.
.
.
.

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција

  • Тошковски: Се собираат дополнителни докази за бегството на Артан Груби

Дали полицискиот службеник кој бил на смена кога Артан Груби ја напуштил државата направил грешка од невнимание, или пак тоа било организирано во рамки на одредена група која го организирала бегството, во овој момент се собираат повеќе докази.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека во моментов се собираат повеќе докази за тоа дали полицискиот службеник кој бил на смена кога поранешниот вицепремиер Артан Груби ја напуштил државата направил грешка од невнимание или пак тоа било орагнизирано во рамки на одредена група која го организирала бегството.

13 (122) ■ вести > свет > политика ■ 20-Jan 08:09 -> 22-Jan 12:39
.
.
.
.

Зеленски: Потребни ни се најмалку 200.000 војници за да се одржи мирот во Украина

  • Зеленски бара европски мировници за обезбедување траен мир

  • Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

  • Трамп помилува околу 1 500 обвинети за упадот во Капитол во 2021 година

Потребни ни се најмалку 200.000 војници за да се одржи мирот во Украина, изјави претседателот на земјата, Володимир Зеленски, посочувајќи на важноста на независноста на Европа во одбраната на континентот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за да се спречи нова руска офанзива, потребни се најмалку 200.000 мировници од Европа.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот претходник Џозеф Бајден му оставил „инспиративна“ порака на неговата маса во Овалната соба во Белата куќа, продолжувајќи ја традицијата на размена на писма на денот на инаугурацијата.

Веднаш откако официјално стапи на функцијата, новиот американски претседател Доналд Трамп помилува околу 1 500 свои приврзаници, обвинети или осудени за упадот во Капитол на 6 јануари 2021 година.

14 (14) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 22-Jan 09:24 -> 22-Jan 11:30
.
.
.
.

Кривична пријава за сопственик и управител на АЛТЕРА КОНСАЛТИНГ за неплаќање ДДВ од 180.000 евра

  • Бизнисмен од Скопје не платил данок од над 11 милиони денари, Финансиска полиција му поднесе кривична пријава

Управата за финансиска полиција до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против А.Б.Г во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за консултантски услуги АЛТЕРА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје и против правното лице Друштво за консултантски услуги АЛТЕРА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело 60-а од Законот за Данок на додадена вредност.

Бизнисмен од Скопје не платил данок и со тоа го оштетил државниот буџет за над 11 милиони денари преку неговата компанија „Алтера Консалтинг“.

Повеќе од
оваа категорија

26 (42) ■ спорт ■ 20-Jan 08:07 -> 22-Jan 11:59
.
.
.
.

Ѓоковиќ: Постојано се обидуваат да ме понижат, но тоа дополнително ме мотивира!

  • Познат терминот за спектаклот меѓу Ѓоковиќ и Алкараз

  • Ѓоковиќ: Се чувствував како да играм финале

  • Спектакл во Мелбурн: Новак Ѓоковиќ во „атомски тенис“ го победи Алкараз!

Новак Ѓоковиќ го победи Карлос Алкарас во четвртфиналето на Австралија опен и во разговор со медиумите ги изнесе впечатоците од натпреварот.

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз ќе играат во вторник претпладне околу 10:30 по средноевропско време во четвртфиналето на Австралијан опен.

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ ќе игра уште едно полуфинале на Австралија Опен откако во феноменална пресметка против Карлос Алакраз во четвртфиналето славеше со вкупни 3-1 во меч кој траеше три часа и 37 минути.

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ обезбеди свое ново полуфинале на Австралија Опен откако во феноменална пресметка во четвртфиналето триумфираше против младиот шпански ас Карлос Алкараз со 6-4, 4-6, 3-6 и 4-6. Неверојатен „атомски тенис“ во Мелбурн по три часа и 37 минути во кој на крај победник е само еден – Новак Ѓоковиќ.

Повеќе од
оваа категорија

172 (4) ■ бизнис ■ 21-Jan 07:36 -> 21-Jan 14:58
.
.
.
.

ПРЕКУ БИЗНИСОТ ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ НА ТРИ МОРИЊА Иницијатива за соработка меѓу 13 земји од ЕУ и Западен Балкан

  • Панел дискусија за можностите за економска соработка со иницијативата „Три мориња“

Морињата се одредниците кои ќе ги исцртаат новите сфери на интерес во светот, а новиот интерес конечно ќе се вика бизнис затоа што сите ќе сфатат дека без бизнис нема ништо и дека тоа е единственото врзивно ткиво на овој свет, порача претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на панел дискусијата за претставување на иницијативата „Три мориња“, можностите за економската соработка меѓу нејзините членки и придонесот во нивниот економски развој, со посебен осврт на инфраструктурата и вклучувањето на земјите од Западен Балкан и зајакнувањето на оската север-југ во источна Европа.

Панел дискусија на која ќе биде претставена иницијативата „Три мориња“, можностите за економската соработка меѓу нејзините членки и придонесот во нивниот економски развој, со посебен осврт на инфраструктурата и вклучувањето на земјите од Западен Балкан и зајакнувањето на оската север-југ во источна Европа, денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Стопанската комора во соработка со Институтот за стратешки иницијативи и политики.

217 (5) ■ бизнис > мои пари ■ 20-Jan 09:12 -> 20-Jan 11:58
.
.
.
.

Аријана Коскарова во „Бизнис-клуб“: „Потписот на Стопанската комора има големо значење во САД“

  • М-Р Аријана Коскарова во „Бизнис-клуб“:„Потписот и печатот на Стопанската комора имаат големо значење и на американското тло“

Во новата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“, во разговорот на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески со м-р Аријана Коскарова, претставник на Стопанската комора во Мајами, се изнесуваат факти за значењето и за реномето што го има Стопанската комора во САД преку добивањето виза за нејзиниот престој во Америка врз основа на препораката од претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и за посетата на Стопанската комора како најстара и најмоќна бизнис-организација во Македонија од директорот на магазинот „Форбс“.

Во новата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“, во разговорот на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески со м-р Аријана Коскарова, претставник на Стопанската комора во Мајами, се изнесуваат факти за значењето и за реномето што го има Стопанската комора во САД преку добивањето виза за нејзиниот престој во Америка врз основа на препораката од претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и за посетата на Стопанската комора како најстара и најмоќна бизнис-организација во Македонија од директорот на магазинот „Форбс“.

195 (6) ■ сцена > култура ■ 20-Jan 07:23 -> 22-Jan 10:18
.
.
.
.

За наградата „Роман на годината“ во трка 43 романи

  • ▷ За наградата Роман на годината во трка 43 романи

На својата конститутивна седница, комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2024 година, која ја доделува фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс, кој се одвиваше од 15 декември минатата година до 15 јануари годинава, пристигнале 43 романи.

На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата Роман на годината за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс, што се одвиваше од 15 декември минатата година до 15 јануари годинава, пристигнаа 43 романи.