Премиерот Христијан Мицкоски ќе очекува јасен одговор од лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, на прашањето дали тој соработува со ДУИ.
Али Ахмети да не се крие зад националистичката реторика бидејќи тоа е безидејна политичка злоупотреба а владата ја отфрла ваквата реторика на закани и ултиматуми од првиот интегративец откако лидерот на ДУИ вчера се закани дека доколку поранешниот функционер Крешник Бектеши биде обвинет ќе излезат на улица и ќе останат таму, а ќе бараат и предвремени парламентарни избори.
Ако е мудар како што се претставува, Ахмети ќе извлече поука и наместо да се заканува, ќе направи структурни реформи, и програмски и кадровски во неговата партија и со нови ликови, нова програма ќе излезе пред македонските граѓани да ја бара довербата, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека најверојатно утре ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуална соработка со ДУИ на локални избори.