Во рамките на „Месец на Пучини“ на 23 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина . Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“.
Вчеравечер, публиката имаше ретка привилегија да биде дел од еден навистина незаборавен музички настан – гала вечер „Жените на Пучини” посветена на композиторот Џакомо Пучини.