Соединетите Американски Држави и Европската Унија постигнаа трговски договор, соопшти попладнево американскиот претседател Доналд Трамп.
Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Шкотска, каде што престојува во својот голф-имот во Торнбери.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, отпатува во Шкотска во саботата на средба со американскиот претседател Доналд Трамп во недела попладне, изјавија портпаролите на комисијата, додека претставници на ЕУ изјавија дека двете страни се приближуваат кон трговски договор.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе се сретнат во Шкотска денеска, неколку дена пред рокот за нови високи американски царини за увоз од ЕУ. Средбата ќе се одржи во 16:30 часот по локално време во Тарнбери, на југозападниот брег на Шкотска, каде што Трамп ја помина саботата играјќи голф, и доаѓа по неколкунеделни разговори меѓу Брисел и Вашингтон.