1 (91) ■ спорт > македонија ■ 16-May 11:34 -> 18-May 22:15
.
.
.
.

Лазаров: Браво момци Македонци! Се гордеам со вас! Останавте смирени и во моментите на провокации

  • Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК

  • Мукаетов: Ми ја наполнивте душата мене и на цела Македонија

  • АЛКАЛОИД ТРИУМФИРАШЕ ВО АТИНА ПРЕД 8.000 ГРЧКИ НАВИВАЧИ Пет од пет за Да Силва, пехарот е на дофат!

Македонскиот селектор и тренер на Алкалоид, Кире Лазаров сосема очекувано пресреќен по големата победа на македонскиот тим над АЕК среде Атина од 25-29 во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп.

Атински АЕК во 18 часот по македонско, во 19 часот по локално време, денеска го пречекува РК Алкалоид во првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп во олимписката сала „Сунел арена“, што се очекува да биде речиси целосно исполнета, но и покрај тоа, атмосферата во македонскиот тим, според тренерот Кире Лазаров е одична и со позитивно размислување ќе излезат на терен, јави дописничката на МИА од Атина.

ЕКИПА во Атина, Стеван Цаневски Алкалоид е многу блиску до кревање на трофејот во ЕХФ Европскиот куп откако македонскиот тим одигра извонредно на првиот финален дуел со АЕК, славејќи сред Атина со резултат 25-29. Ниту фанатичната атмосфера на трибините ниту инцидентите што ги направија грчките навивачи не ги исфрлија од ритам избраниците на Лазаров, кои одиграа меч за паметење и заслужено стигнаа до победата.

АЛКАЛОИД ТРИУМФИРАШЕ ВО АТИНА ПРЕД 8.000 ГРЧКИ НАВИВАЧИ Пет од пет за Да Силва, пехарот е на дофат!

3 (26) ■ вести > свет > регион ■ 17-May 08:59 -> 18-May 23:45
.
.
.
.

Од пораз во прв круг до победа во втор: Кој е Никусор Дан, новиот претседател на Романија?

  • Претседателски избори во Романија: Екстремен десничар наспроти умерен математичар

  • Во Романија утрово се отворија гласачките места за вториот круг од повторените претседателски избори

Според официјалните податоци од Романската изборна комисија, врз основа на преброени 98 проценти од гласовите, во вториот круг од претседателските избори, Никусор Дан Вуди победи со 54,27 проценти од гласовите.

Градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан, пензиониран математичар и политички центрист, утре ќе се натпреварува во вториот круг од претседателските избори со десничарскиот изборен фаворит Георге Симион, во обид да ја задржи Романија на проевропскиот пат и да ги смири пазарите со формирање нова влада.

Во Романија, утрово, во 7 часот, се отворија гласачките места за вториот круг од повторените претседателски избори, каде што за претседател би можел да биде избран кандидатот на крајната десница, евроскептикот Ѓорѓе Симион.

5 (117) ■ вести > македонија > политика ■ 16-May 09:12 -> 18-May 21:30
.
.
.
.

Големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата на крајот на годинава или на почетокот на наредната, најави Мицкоски

  • Мицкоски: Договорот со Обединетото Кралство е договор за партнерство и еден вид нов договор за Македонија

  • Мицкоски најави големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата

  • Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

Фото: Маја Јаневска-Илиева Примерот за промени мора да го дадеме ние.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, меѓудругото во своето обраќање на годишната 20 по ред Конференција на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, се осврна и на договорот со Обединето Кралство за кој како што рече е договор за пријателство, економски раст и соработка во повеќе области кои се од клучно значење за државата.

Примерот за промени мора да го дадеме ние.

Договорот за стартешко партнерство со Обединетото Кралство е историски настан за нас, и ќе овозможи инвестициски циклус од пет милијарди фунти или околку шест милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравтсвото, итн., изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Тирана на која беше постигната согласност за договорот.

6 (28) ■ вести > македонија > политика ■ 18-May 11:19 -> 18-May 18:15
.
.
.
.

Пратеникот од Струга, Сулејмани од Алијансата поднесе оставка

  • Пратеникот Сулејмани си поднесе оставка од функциите во партијата и во Собранието

  • Салим Сулејмани поднесе оставка од пратеничката функција и од сите партиски функции во Алијанса на Таравари

Пратеникот Салим Сулејмани ја извести јавноста дека поднесува оставка од сите партиски функции во Алијансата за Албанците, како и од функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија.

Пратеникот Салим Сулејмани денеска ја информираше јавноста дека поднесува оставка од сите партиски функции во рамки на Алијансата за Албанците, како и од функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија.

Пратеникот Салим Сулејмани ја извести јавноста дека поднесува оставка од сите партиски функции во Алијансата за Албанците, како и од функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

8 (67) ■ вести > македонија > политика ■ 16-May 10:26 -> 18-May 18:49
.
.
.
.

ДУИ: Реториката на Мицкоски е опасна и ги обединува Албанците

  • Мицкоски: Таравари го одбра својот пат, ќе се обиде повторно да најде начин да влезе во коалиција со нас

  • ВРЕДИ: Не успеа планот на ДУИ со Таравари да дојде до распад во коалицијата

  • Села: Таравари не треба да биде пречекан со раширени раце во Европскиот фронт

Премиерот Мицкоски, во своето последно јавно обраќање, повторно се впушти во опасната реторика на поделба и дискриминација, овојпат насочена кон Албанците.

Ќе дојде денот кога пак ќе се сретнеме, дали преку ВЛЕН или во други комбинации ќе се обиде да повторно да влезе некако во коалиција со нас, но едвај го чекам тој ден, да сме живи и здрави верувајте ми и тој ден ќе го дочекам, рече денеска премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во обраќање на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМЕ.

Од ВЛЕН денеска порачаа дека се пообединети од кога било и дека излегувањето на Арбен Таравари било обид на ДУИ да внесе раздор во коалицијата и таа да се растури.

Лидерот на едно крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, порача дека неговиот поранешен сопартиец, Арбен Таравари, не треба да биде пречекан со раширени раце во Европскиот фронт поради неговите сомнителни политички движења.

10 (23) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-May 13:26 -> 18-May 22:45
.
.
.
.

Уапсен охриѓанец осомничен за грабнување - барал пари за ослободување на семејство

  • Градежен работник паднал, починал во болница во Охрид

  • Почина работник при паѓање од градилиште во трговски центар во Охрид

На 18.05.2025 во 00.50 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Свр Охрид го лишија од слобода А.Д.(33) од Охрид, кој се сомничи дека сторил кривично дело „грабнување“ по член 141 од Кривичниот законик.

Тешка несреќа се случи утрово во Охрид, каде што 58-годишен работник го загуби животот при изведување градежни работи во трговски центар во изградба, потврди МВР.

На 16.05.2025 во 09.24 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош Охрид е пријавено дека при изведување градежни работи во трговски центар во изградба во Охрид паднал и се повредил работникот Ѓ.Д.(58) од Охрид.

12 (29) ■ вести > свет ■ 16-May 07:24 -> 18-May 23:30
.
.
.
.

Во израелските воздушни напади загинаа најмалку 100 луѓе во Газа

  • Рубио: САД се вознемирени од хуманитарната ситуација во Појасот Газа

  • Најмалку 50 Палестинци се убиени откако Израел започна офанзива во северна Газа

Во израелските воздушни напади загинаа најмалку 100 Палестинци низ Појасот Газа во текот на ноќта, соопштија во неделата локалните здравствени власти, додека посредниците организираа нова рунда разговори за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

Американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека Вашингтон е загрижен поради хуманитарната ситуација во Појасот Газа.

Најмалку 50 лица се убиени во пријавената израелска офанзива во северна Газа, според агенцијата за цивилна одбрана управувана од Хамас, пренесува Би-би-си. Палестинците на север велат дека Израел започнал голем копнен, воздушен и поморски напад во раните утрински часови во петокот; Израелската војска сè уште не коментирала Според локалните жители, нападот започнал со бараж од чадни бомби, проследен со интензивно артилериско гранатирање од блиските израелски позиции Ова е најобемниот копнен напад врз северна Газа откако Израел ја продолжи својата офанзива на почетокот на март, вели дописникот од Газа, Ружди Абулуф Во меѓувреме, високиот американски дипломат Марко Рубио вели дека САД се „загрижени“ од хуманитарната ситуација во Газа – таа е под целосна израелска блокада на целата храна, лекови и други хуманитарни залихи веќе 10 недели Повеќе од 120 луѓе беа убиени во Газа во израелските воздушни напади во четврток, вели агенцијата за цивилна одбрана управувана од Хамас Индиректните разговори за прекин на огнот и договор за ослободување на заложниците продолжуваат меѓу Израел и Хамас во Катар, но досега нема знаци за напредок.

15 (54) ■ вести > македонија ■ 17-May 15:20 -> 18-May 14:30
.
.
.
.

Николоски: Македонското градежништво ќе расте, очекувам градежниот сектор во Македонија повторно да стане меѓународно конкурентен

  • Николоски: Во Договорот нема одредба за мигрантски кампови, најдобар одговор даде британскиот амбасадор

  • Николоски: Имаме спремни два проекти кои се околу 2,2 милијарди евра

  • Николоски: Двата договори со Велика Британија целосно ќе ја трансформираат Македонија

Николоски: Македонското градежништво ќе расте, очекувам градежниот сектор во Македонија повторно да стане меѓународно конкурентен 11:49, мај 18, 202511:53, мај 18, 2025 Со Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија ќе отвори можност за преку 70 проценти од домашните компании да учествуват во реализација на инфраструктурните проекти.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски синоќа соопшти дека следната недела во Лондон ќе се потпише Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, по принцип Влада со Влада.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во вечерашното интервју на ТВ Сител обелодени ексклузивни детали за договорите со Велика Британија.

Фејсбук/Александар Николоски Вицепремиерот и министер за транспорт во Владата, Александар Николоски во вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител се осврна на постигнатиот договор со Велика Британија.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

256 (4) ■ бизнис > економија ■ 16-May 15:37 -> 16-May 17:24
.
.
.

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

  • 89 ЕВРА ЗА МЕГАВАТ ЧАС СТРУЈА НА УНГАРСКАТА БЕРЗА HUPX На македонската берза МЕМО бројката изнесува 92,88

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 16 мај просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 89 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 92,88евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 52,86 евра за мегават час, а на MEMO 58,34 евра.

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 16 мај просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 89 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 92,88евра/mwh, соопштија од ЕДС Инфо поинт.