Големата експанзија на градовите, долгите процеси за усвојување на урбанистички планови, неодобрените годишни програми за подигнување и одржување на зеленилото, финансирањето на урбанистичките планови од приватни субјекти, како и неказнувањето на оние кои ги прекршуваат правилата, придонесуваат да не се исполни пропишаниот стандард за озеленување во градовите, забележува Државниот завод за ревизија (ДЗР). Во денеска објавената ревизија на успешност на тема „Урбанистичко планирање на зелената инфраструктура во градовите“, со цел да се одговори на прашањето “Дали мерките и политиките на централната и локалната власт обезбедуваат ефикасно планирање на зелената инфраструктура во градовите?”, се истакнува дека со опфатот и доказите кои биле обезбедени преку примена на ревизорската методологија и техники, ревизорите стекнале разумно уверување дека мерките и политиките на централната и локалната власт не обезбедуваат ефикасно планирање на зелената инфраструктура во градовите.
Масовната урбанизација, долги постапки за нoсeње урбанистички планови, недонесените годишни програми за подигнување и одржување на зеленилото, финансирањето на урбанистички планови од приватни лица, неизрекувањето глоби кон прекршителите...