Советникот за национална безбедност Џејк Саливан одржа прес-конференција во Белата куќа.
Иранското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека земјата нема да ги остави без одговор „криминалните активности на Израел“.
САД веруваат дека Иран наскоро е подготвен да изврши балистички ракетен напад на Израел, предупредил во вторникот висок функционер на Белата куќа, . Во соопштението на Белата куќа се наведува дека постојат индикации дека Иран се подготвува веднаш да изврши напад со балистички ракети против Израел, додавајќи дека Соединетите Држави „активно ги поддржуваат подготовките за одбрана на Израел од овој напад“.
Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, изјави дека во моментов нема дополнителни закани кон Израел од Иран, што укажува дека ракетниот напад е завршен, јави Тајмс оф Израел.