1 (147) ■ вести > свет ■ 24-Sep 07:29 -> 26-Sep 22:05
.
.
.
.

Нетанјаху: Израел ќе користи сила против Хезболах додека не се вратат жителите на север

  • Дали е неизбежна тотална војна меѓу Израел и Хезболах?

  • Израел и Либан во следните неколку часа се очекува да потпишат примирје, Хезболах не учествува

  • Нетанјаху ги демантира израелските медиуми дека ќе има прекин на огнот во Либан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата земја ќе користи сила против Хезболах во Либан додека жителите на северен Израел не се вратат дома.

Немилосрдната размена на оган меѓу Израел и либански Хезболах во последните денови ги поттикна стравувањата дека долгогодишните непријатели незапирливо се движат кон сеопфатна војна, и покрај меѓународните повици за воздржаност.

САД, Франција и другите сојузници повикаа на итен прекин на огнот од 21 ден за да се овозможи преговори во конфликтот меѓу Израел и Хезболах.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, неколку часа откако некои израелски медиуми објавија дека околу пладне очекуваат прекин на огнот во Либан, соопшти дека овие тврдења се неточни.

3 (39) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 15:26 -> 26-Sep 23:44
.
.
.
.

Филипче: Светска Банка понудила поповолен кредит од унгарскиот

  • Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Cеверна Македонија е тежок пораз на политиките на Владата

  • Венко Филипче во „Само интервју“

  • Ги исцпривме сите механизми за свикување на Комисијата за Законот за бранителите, сега ќе видиме што ќе се случи, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервјуто за емисијата „Само интервју“ на Канал 5 вечерва презентираше документ според кој претходната влада веќе преговарала за заем од Светска банка по многу поповолни услови.

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче денеска истакна дека раздвојувањето на Албанија и Македонија на патот кон Европската Унија е тежок пораз на политиките на Владата.

Дами и господа, вечерва во Само Интервју, ќе гостува лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Засега ги исцрпуваме сите механизми кои ги нуди деловникот во Собранието, за да законот за бранителите стигне на расправа на соодветната Комисија.

4 (62) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 14:58 -> 26-Sep 19:52
.
.
.
.

Унгарскиот премиер пристигна во Охрид, во владината делегација околу 10 министри

  • Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава

  • Безбедносни мерки во Охрид во врска со посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан

  • Се преместуваат коли се затвораат буевари - Орбан утре доаѓа во Охрид

Унгарскиот премиер Виктор Орбан попладнево пристигна во Охрид каде утре ќе има тет-а-тет средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската Влада, денеска и утре ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава.

Во врска со престојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан на земјава, СВР – Охрид ги спроведува неопходните безбедносни мерки и активности за безбедно и непречено движење на делегацијата низ Охрид и околината.

Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности, по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата делегација на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки и активности.

5 (107) ■ вести > свет > украина ■ 24-Sep 07:32 -> 26-Sep 22:56
.
.
.
.

Сојузниците на Украина не се оптимисти околу „Победничкиот план“ на Зеленски

  • Зеленски за Еј-Би-Си Њуз: Поблиску сме до крајот на војната отколку што мислиме

  • Трамп: Зеленски сака демократите да победат на претседателските избори во САД

  • Бајден предупредува за можна „сеопфатна војна “ на Блискиот Исток

Планот на Зеленски нема никакви вистински изненадувања, тврди лице упатено во разговорите, а според друг извор, нема никакви вистински изненадувања во планот и истиот нема да доведе до некоја поголема промена.

Се поблиску сме до крајот на војната, поблиску отколку што мислиме, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за Еј-Би-Си Њуз.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака демократите да победат на изборите на кои тој ќе се соочи со демократската потпретседателка Камала Харис, пренесоа британските медиуми.

Американскиот претседател Џо Бајден предупреди денеска на можноста за „сеопфатна војна“ на Блискиот Исток, бидејќи Израел ги стави војниците на готовност за можно навлегување во Либан во момент кога и војната во Газа продолжува.

7 (30) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Sep 13:35 -> 26-Sep 17:39
.
.
.
.

Гаши: Секое заостанување на патот кон ЕУ не е добро, се залагам за консензус во Собранието, што побрзо да се договориме и да одиме напред

  • Гаши: Одземена ми е можноста да свикам седница на Комисија која веќе е свикана, останува Комисијата за социјална политика да одлучи за Законот за бранителите

  • СДСМ бара Kомисијата за деловнички прашања да биде свикана за одлуката на Гаши за Законот за бранители

  • Гаши се согласува комисиски да се преиспита неговиот став за Законот за бранителите

Собранискиот спикер не сакаше да ја коментира информацијата дека Европската Унија ќе ги продолжи преговорите со Албанија и дека таа ќе се одвои од С Македонија.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите истакна дека му е одземена можноста да свика седница на собраниска Комисија за која веќе била свикана.

Потпретседателот на Собранието Јован Митрески денеска на прес конференција истакна дека врз основа на член 62, став 4 од деловникот, преку архивата доставил допис, барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, да ја задолжи комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања и да свика седница каде ќе се толкува примената на членот 126 став 3. „Бидејќи апсолутно не се согласувам со образложението на претседателот за овој член од деловникот, го доставив наведеното барање.

Претседателот на Собранието останува на ставот дека нема деловничка можност да закаже седница за Законот за бранителите, но ќе ги свика пратениците од надлежната комисија, кои ќе треба да одлучат, дали е во право.Сепак, вели дека тоа нема да го стори затоа што СДСМ му испратиле барање, туку затоа што самиот смета дека така треба.

8 (23) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Sep 15:15 -> 27-Sep 00:41
.
.
.
.

Ѓорѓиевски: Некои поединечни раководни лица немаат менаџерски капацитети

  • Ѓорѓиевски: Средствата од Владата за општините ќе решат децениски проблеми

  • Во минатото парите се делеа на општините по симпатија, сега ќе им се делат по формула, рече Ѓорѓиевски

Сметам дека со средствата од Владата на Република Македонија, конечно ќе се решат децениски проблеми кои пред се’, се поврзани со подземната инфраструктура, поврзани со проблеми кои самите општини, посебно оние помалите низ Македонија, не можеле да ги решат иако имале изготвен проект.

Сметам дека со средствата од Владата, конечно ќе се решат децениски проблеми кои пред се, се поврзани со подземната инфраструктура, поврзани со проблеми кои самите општини, посебно оние помалите низ Македонија, не можеле да ги решат иако имале изготвен проект.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва зборуваше за унгарскиот заем, кој ќе биде поделен на општините за реализација на проекти.

9 (28) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Sep 11:05 -> 26-Sep 17:15
.
.
.
.

Партиите во бугарскиот Парламент едногласни околу декларацијата за Македонија

  • Борисов и Петков: Скопје треба да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или затворање на европскиот пат

  • Борисов: Албанија оди напред, го прифати бугарското малцинство – никој не може да отстапи од Договорот за добрососедство

Комисијата за надворешна политика на Народното собрание на Бугарија денеска ја усвои декларацијата за односите со Северна Македонија, предложена од крајнодесничарската партија „Преродба“, пренесува БТА.

Поранешните премиери на Бугарија, Бојко Борисов и Кирил Петков, денеска изјавија дека Договорот за доброседство мора да се почитува и ги повикаа властите во Северна Македонија да одлучат дали ќе ги внесат Бугарите во Уставот или нејзиниот пат кон ЕУ ќе остане затворен.

Бугарија и Република Македонија потпишаа Договор за добрососедство, кој е вклучен во планот за проширување и никој не може да отстапи од него, изјавил претседателот на тамошната собраниска комисија и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов, коментирајќи ја одлуката на постојаните претставници во Европската унија (ЕУ), донесена на состанокот на 25 септември, за одвојување на Албанија од Македонија на патот кон членство во ЕУ. Лидерот на ГЕРБ ја советувал Бугарија да биде умерена во ова прашање и без чувство на одмазда.

10 (10) ■ вести > македонија ■ 24-Sep 18:32 -> 26-Sep 22:29
.
.
.
.

Тошковски: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции, дигитализација на процесите за модерна и ефикасна полиција

  • МВР отвори канцеларија на управните служби во Матејче

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Центарот за обука на МВР во Идризово присуствувал на презентација на најновиот софтвер за менаџмент на воздухопловни операции специјално дизајниран за потребите на хеликоптерските единици во состав на Министерството за внатрешни работи.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во рамки на посетата на Полициското одделение во Матејче ја отвори новата канцеларија на управните служби на МВР, која ќе овозможи побрз пристап на граѓаните од липковско до услугите на МВР . Министерот Тошковски потенцираше дека отворањето на канцеларијата, втора по ред за само неколку дена, како дел од низа други кои ќе бидат отворени е со цел граѓаните да имаат побрз пристап до документите и услугите кои им се потребни.

11 (28) ■ вести > македонија > регион ■ 25-Sep 20:56 -> 26-Sep 13:42
.
.
.
.

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

  • „Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

  • Албанија на 15 октомври го отвора првото поглавје и се разделува од Северна Македонија на патот кон ЕУ

Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР) донесе одлука Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“, потврди за МИА унгарското претседателство со Советот на ЕУ. – Можеме да потврдиме дека Корепер се согласи да продолжи со процесот на пристапување на Албанија во ЕУ, изјави за МИА портпаролката на унгарското претседателство за Корепер, Ана Атанасов.

Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (Корепер) донел одлука Албанија да ги започне преговорите за членство со ЕУ по поглавја, со што би била одвоена од земјава на европскиот пат, тврди бриселскиот портал „Еурактив“, повикувајќи се на извори во Советот на ЕУ. ЕУ донесе одлука за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија во пакет во јули 2022, по што двете земји го спроведоа скринингот, но понатамошниот преговарачкиот процес по поглавјата беше запрен – за земјава поради неисполнувањето на преземената обврска за промена на Уставот, а за Албанија поради блокада од Грција, по приведувањето на кандидатот за градоначалник на албанскиот град Химара, Фреди Белери, етнички Грк, под обвинение за поткуп на гласачи пред изборите.

Амбасадорите на земјите членки на Европската Унија денеска во Брисел едногласно одлучија Албанија да ги продолжи преговорите за полноправно членство во ЕУ, објави вечерва Бугарското национално радио БНР.

13 (47) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Sep 07:00 -> 26-Sep 21:53
.
.
.
.

Сиљановска Давкова: Од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговори со ЕУ

  • Сиљановска Давкова на дебата на Советот за безбедност на ОН и на состанок на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги

  • Давкова на средба со Борел и претставници на земјите од Западен Балкан во Њујорк

  • Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговори за членство во Европската Унија, отфрлање на двојните стандарди и почитување на сопствените принципи и вредности, вградени во основните уставни документи, потенцира денеска во својот говор претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред членовите на Генералното собрание на ОН. Како што јави известувачот на МИА од Њујорк, проширувањето, според Сиљановска Давкова, мора да се врзе за меритократските Копенхагенски критериуми и да се ослободи од ветоизацијата врзана за обидот за ревизија на историјата и непочитување на националниот и културниот идентитет.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, присуствуваше на состанокот на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги и на дебатата на Советот за безбедност, кадешто оствари куси средби со повеќе лидери и претставници на меѓународни организации.

Попладнево по американско време претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, присуствува на работниот ручек со претставникот на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел со шефовите на делегациите на земјите од Западниот Балкан.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека не би можела точно да одговори дали може да дојде до реализација на „францускиот предлог плус“ и ставот на Владата кој неодамна беше презентиран во Брисел.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

251 (7) ■ сцена > култура ■ 24-Sep 10:30 -> 25-Sep 15:15
.
.
.
.

Свечено затворање на летната сцена на МНТ на 2. октомври со „Архангел”

  • „Пијан Славеј“ на летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ

На 2. октомври со почеток во 21:00 часот на летната сцена „Славиша Кајевски”, при Македонскиот народен театар, концерт ќе одржи највлијатената музичка фигура на урбаниот културен живот во Македонија „Архангел”. Концертот насловен „Македонски подобро звучи – Едиција 4” е подржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Македонскиот народен театар со што свечено ќе се затвори првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски”. Билетите се достапни како и секогаш во онлајн продажба преку веб-страницата на МНТ, , како и на билетарницата, која отвора секој работен ден од 12:00 часот.

На летната Сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) вечер ќе настапи „Пијан Славеј“, музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски со нивната нова македонска шансона, која го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.