На 26.07.2025 во 23.40 часот на улица ,,Маршал Тито” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода О.С.(20) и Б.С.(24) од с Палатица, тетовско, А.У.(21), Ј.У.(24) од с. Дебреше гостиварско, А.С.(25) од с.Вруток, гостиварско, и К.О.(23), Д.И.(25) и Д.Е.(21) од с. Селце, затоа што го нарушувале јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која Д.Е. од с. Селце бил повреден со остар предмет.
Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека вчера се приведени осум млади луѓе на возраст од 20 до 25 години поради тепачка, во која еден од нив е повреден со остар предмет.