Треба да се информирате, малку да промислите за тоа што го зборувате и да ги прочитате правилата, одговори известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц на денешната прес-конференција, на забелешките на бугарска новинарска дека неговиот кредибилитет како известувач е доведен во прашање поради наводните сомнежи дека се среќавал со македонски претставници и бил предмет на лобирање.
Мислам дека за признавање на идентитетот и јазикот на земја кандидат за членство би требало да биде природна и непробелматична работа, изјави известувачот на Европскиот парламент за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц во однос на невклучувањето на термините македонски јазик и идентитет во усвоената верзија на неговиот Извештај.
Европскиот парламент ја повторува својата целосна поддршка на континуираната и доследна посветеност на Северна Македонија за приклучување кон ЕУ и на потребните трансформативни промени што се потребни за исполнување на критериумите за пристапување, ја пофалува посветеноста на земјата на европската интеграција и ги охрабрува континуираните напори за унапредување на реформите усогласени со ЕУ и покрај предизвиците и неуспесите што го тестираа трпението и довербата на македонското општество, се наведува во Предлог-извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц по извештаите на Европската комисија за земјава за 2023 и 2024 година, за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП во рамки на овонеделната сесија во Стразбур.
Европскиот парламент ја повторува својата целосна поддршка на континуираната и доследна посветеност на Македонија за приклучување кон ЕУ и на потребните трансформативни промени што се потребни за исполнување на критериумите за пристапување, ја пофалува посветеноста на земјата на европската интеграција и ги охрабрува континуираните напори за унапредување на реформите усогласени со ЕУ и покрај предизвиците и неуспесите што го тестираа трпението и довербата на македонското општество, се наведува во Предлог-извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц по извештаите на Европската комисија за земјава за 2023 и 2024 година, за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП во рамки на овонеделната сесија во Стразбур.