1 (29) ■ вести > свет ■ 08-Jun 01:31 -> 08-Jun 13:15
.
.
.
.

(ВИДЕО) Убиен колумбискиот кандидат за претседател Мигел Урибе на митинг во Богота

  • Момче на 15 години изврши атентат врз опозициски кандидат за претседател на Колумбија

  • Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе успешно опериран по атентатот врз него

Кандидатот за претседател на Колумбија на изборите следната година, сенаторот Мигел Урибе, беше застрелан во главниот град Богота, јавуваат светските агенции.

Момче на 15 години изврши атентат врз опозициски кандидат за претседател на Колумбија.

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе, кој беше застрелан во главата за време на митинг во Богота, успешно беше опериран по приемот во болница во критична состојба, соопшти градоначалникот на главниот град, Карлос Фернандо Галан.

3 (25) ■ вести > свет > америка ■ 07-Jun 07:19 -> 08-Jun 12:45
.
.
.
.

Градоначалничката на Лос Анџелес демантира распоредување на Националната гарда во градот

  • САД испрати војници од Националната гарда во Лос Анџелес по судирите поради имиграциски рации

  • Тензии во Лос Анџелес по федералните акции против мигранти

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека Националната гарда не е распоредена во градот, демантирајќи ги шпекулациите за нејзино присуство.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп соопшти дека во саботата ќе распореди 2.000 припадници на Националната гарда, откако федерални агенти во Лос Анџелес се соочија со неколку стотини демонстранти за време на вториот ден од протестите, предизвикани од имиграциските рации, пренесува Ројтерс.

Полицијата се судри со демонстрантите во центарот на Лос Анџелес за време на антиимигрантските мерки во кои беа уапсени десетици луѓе низ целиот град.

4 (24) ■ вести > македонија ■ 07-Jun 08:14 -> 08-Jun 13:00
.
.
.
.

Избегнувајте престој на сонце од 11 до 17 часот и пијте многу вода - ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури

  • Лесна облека, многу вода, да не се престојува на сонце: ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури

  • Издадени препораки за заштита од високите температури, ИЈЗ повикува на нивно почитување

Избегнувајте престој на сонце од 11 до 17 часот и пијте многу вода – ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури 360степени | 8 јуни, 2025 10:34.

Со порастот на температурите ширум земјата, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денес објави низа препораки за заштита на населението од потенцијално опасните ефекти на топлотните бранови.

Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури.

5 (151) ■ вести > свет > русија ■ 06-Jun 04:57 -> 08-Jun 14:15
.
.
.
.

Маск е зависник од дрога, обвини Трамп

  • Кремљ му одговори на Трамп: Војната во Украина е егзистенцијално прашање за Русија

  • Се распаѓа сојузот Маск-Трамп: Меѓусебни обвинувања и пад на акциите на Тесла

  • Трамп и Маск во отворена „војна“: Тој сака да разговара со мене, но јас не сакам со него

Продолжува размената на остри зборови и квалификации меѓу Трамп и Маск, некогашните блиски соработници.

Конфликтот во Украина е егзистенцијален за Русија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како реакција на споредбата што американскиот претседател Доналд Трамп ја направи меѓу војната и тепачка меѓу деца.

Илон Маск / Фото: ЕПА Американскиот технолошки милијардер Илон Маск објави дека актуелниот претседател на САД Доналд Трамп се споменува во досиејата поврзани со осрамотениот финансиер и сексуален престапник Џефри Епстајн.

Во телефонското интервју за ABC News рано утрово, неколку часа по жестоката размена на мислења со милијардерот Илон Маск, американскиот претседател Доналд Трамп изгледаше изненадувачки рамнодушен кон нивната расправија, како да не беше најинтересното нешто што му се случило тој ден.

13 (36) ■ вести > македонија ■ 06-Jun 14:15 -> 08-Jun 14:00
.
.
.
.

Петрушевски: 9 милиони евра завршиле во фирма на Заев од Бугарија блиска до Филипче

  • ВМРО-ДПМНЕ: Аудито Q8 на Филипче кое го возеше и во предизборната кампања е купено од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ

  • Петрушевски: Аудито Q8 на Филипче, купено од фирмата која продавала јаглен на ЕСМ три пати поскапо, народот плаќа за Венко да се луксузира

  • КЛАНОТ ЗАЕВИ И ФИЛИПЧЕ ПРОФИТИРАЛЕ ВО ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА Препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

„Огромни суми на пари, кои се бројат во десетици милиони евра, од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки на фирми директно на Заев, а кои имаат тесна врска со Венко Филипче.

Додека Заеви заработувале милиони, Филипче имал лично профит од 3 пати поскапата препродажба на јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е аудито Q8 на Филипче, купено од фирмата која продавала јаглен на ЕСМ три пати поскапо, народот плаќа за Венко да се луксузира.

Во време на ковид пандемија и енергетска криза Заев и Филипче се богателе врз грбот на граѓаните кои плаќаа драстично повисоки сметки за струја, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.„Венко Филипче трет ден молчи за испумпувањето на десетици милиони евра од ЕСМ од страна на Вице Заев и фирми кои водат лично до него.

Повеќе од
оваа категорија

14 (47) ■ спорт > свет ■ 06-Jun 09:50 -> 08-Jun 12:59
.
.
.
.

Управниот одбор на ФФМ донесе низа важни одлуки, меѓу нив усвоен беше новиот систем на натпреварување во МФЛ

  • Мекинро: Верувале или не, Новак има повеќе шанси ако игра пет сета против Синер

  • Алкараз прв финалист на Ролан Гарос

  • Ѓоковиќ најави пензија!? „Можеби го одиграв последниот натпревар на Ролан Гарос“

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, кој е втор на АТП ранг-листата, денеска обезбеди место во финалето на Ролан Гарос, откако неговиот противник Лоренцо Мусети од Италија се повлече од мечот поради повреда во четвртиот сет.

Новак Ѓоковиќ ќе излезе вечерва на мегдан со Јаник Синер во полуфиналето од Ролан Гарос, во обид да приреди сензација и да го земе скалпот на првиот носител кон досега нема загубено сет на овој гранслем турнир.

Алкараз прв финалист на Ролан ГаросКарлос Алкараз ќе игра во финалето на турнирот Ролан Гарос втора година по ред.

Новак Ѓоковиќ претрпе елиминација во полуфиналето на мастерсот во Франција против Јаник Синер по што изјави дека можеби го одигра и последниот меч на Ролан Гарос.

Повеќе од
оваа категорија

35 (26) ■ сцена > култура ■ 06-Jun 06:10 -> 07-Jun 17:30
.
.
.
.

Гоце Тодоровски, Соња Михајлова и Снежана Коневски-Руси добитници на наградите за животно дело на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ | skopjeinfo.mk

  • Аплаузи, воздишки, солзи на отворањето на 59. МТФ „Војдан Чернодрински"

  • Започнува 59. МТФ Војдан Чернодрински: Прилеп е единственото место за достојно да се слави театарската уметност

Актерките Снежана Коневски-Руси и Соња Михајлова, како и актерот Гоце Тодоровски се добитниците на наградата за животно дело на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Емотивно и со многу восхит и почит, долги аплаузи им подари прилепската публика синоќа на отворањето на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

6 јуни, Прилеп: Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот во големата сала на Центарот за културата „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворено 59-тото издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.