Платите во Македонија се мизерни и не се зголемуваат онака како што е предвидено со колективните договори.
Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот 1 Мај со синдикален протест барајќи повисоки плати и подобри услови за работа.
Сојузот на синдикатите на Македонија ги повикува сите оние кои се грижат за благосостојбата на работниците да се приклучат на утрешниот протест, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.
Учесниците на протестот за 1 Мај, организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), пред Собранието побараа од пратениците да донесат измени на Законот за минимална плата за таа да се зголеми на 500 евра.