1 (34) ■ вести > македонија > политика ■ 06-Nov 12:20 -> 08-Nov 18:57
.
.
.
.

Фетаи: Смртната закана кон мене е одраз на поларизацијата во општеството, ваквиот кукавички пристап на фрустрирани луѓе треба да се казни

  • Фетаи објави дека на својот службен меил добил порака со смртна закана

  • Пораката од Брисел е дека местото на земјава е во ЕУ, порача вицепремиерот Фетаи

  • Вицепремиерот Фетаи добил смртни закани на мејл

Заканата по животот што ја добив на мојот службен мејл е одраз на поларизацијата на нашето општество, бидејќи таа беше упатена по мојата изјава за дефиницијата на албанскиот јазик во Уставот, изјави за МИА вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој престојува во работна посета на Брисел.

Вицепремиер за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи објави дека на својот службен меил добил порака со смртна закана.

Пораката од Брисел е многу позитивна дека местото на Македонија е во Европската Унија, како и на целиот регион на Западниот Балкан, но треба да ги завршиме задачите што ги имаме како држава за да ја поминеме оваа фаза и да отвориме нова страница во процесот на зачленување во Европската Унија. изјави за МИА вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој престојува во работна посета на Брисел на покана на тинк-тенкот „Пријатели на Европа“.

Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи објави дека на службениот мејл добил смртна закана.

2 (38) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Nov 19:29 -> 08-Nov 19:21
.
.
.
.

Николоски со коментар средбата Мицкоски-Макрон: Францускиот претседател е неспорно лидер на Европа, а средбата говори и за личниот авторитет на премиерот

  • Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

  • Мицкоски: На средбите ги презентиравме аргументите за македонскиот евроинтегративен пат

  • Мицкоски од Будимпешта: Ќе продолжиме да се бориме за Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во Будмпешта на самитот на Европската политичка заедница имаше многу значајна средба со претседателот на Франција Емануел Макрон, којшто во моментов практично станува лидер на Европа, имајќи предвид дека Владата во Германија е пред пад и дека извесно е дека не подоцна од март 2025 година таму ќе има избори, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при посета на Штип, одговарајќи на новинарски прашања.

На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта остварив продуктивна средба со Францускиот претседател Емануел Макрон.

Ќе дадеме сѐ од себе да ги зачуваме државните и националните интереси, рече Мицкоски по состанокот на Европската политичка заедница во Будимпешта.

Од маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта, премиерот Христијан Мицкоски во изјава вели „после овој состанок на Европската политичка заедница овдека во Будимпешта сум уште повеќе оптимист дека мора да не биде и ќе не биде“.

3 (21) ■ вести > македонија > политика ■ 08-Nov 07:24 -> 08-Nov 18:58
.
.
.
.

СДСМ: Минчев потврди дека и тој и неговата партија се безгласна буква во кабинетот на Мицкоски

  • (Видео) Минчев: Со академија за јавна администрација ќе ги доквалификуваме неквалитетните административци

  • Состанок на Секторската група за Реформа на јавната администрација

Денешната прес конференција на министерот за јавна администрација од редовите на ЗНАМ, Горан Минчев потврди дека и тој и неговата партија се безгласна буква во кабинетот на Мицкоски.

Некомпетентните административни службеници да бидат преедуцирани, е варијанта за која се залага министерот за јавна администрација, Горан Минчев, кој на денешната прес-конференција рече дека можните решенија за овој проблем во моментот се предмет на дебата.

Во рамки на годишните активности за унапредување на јавната администрација, Министерството за јавна администрација ќе одржи состанокот во Владата на Секторската работна група за Реформа на јавната администрација.

4 (11) ■ вести > македонија > политика ■ 08-Nov 15:38 -> 08-Nov 19:31
.
.
.
.

Мицкоски и Меџити на средба со директорот на ЕИБ Бјорн: Владата се залага за зајакнување на општините низ целата држава

  • Меџити со апел до општините: Аплицирајте со проекти, уште 50 милиони евра на располагање на општините

Премиерот Христијан Мицкоски, директорот на Европската инвестициска банка Габриел Бјорн и првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска одржаа информативна средба со 58 градоначалници, кои беа информирани за финансискиот договор во износ од 50 милиони евра.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска заедно со премиерот Христијан Мицковски и директорот на Европската инвестициска банка, Габриел Бјорн, одржаа информативна средба со 58 градоначалници, кои беа информирани за финансискиот договор во износ од 50 милиони евра, средства обезбедени преку Европската инвестициска банка (ЕИБ), а кои ги доделува Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање.

9 (9) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 07-Nov 17:52 -> 08-Nov 19:11
.
.
.
.

Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во неготинската полиција

  • Пензионер ќе одговара кривично - демнеел полициски началник и неговото семејство

Шеесет и шестгодишниот неготинец Љ. Т. добил кривична пријава поради сомневање дека сторил кривично дело демнење, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Неготинецот, според МВР, подолг временски период го следел и го прогонувал, се мешал во личниот и приватниот живот на 41-годишен вработен како началник во Одделението за внатрешни работи Неготино, неговата сопруга и двете малолетни деца.

ОВР Неготино, до Основно јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Љ.Т.(66) од Неготино поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „демнење“ по член 144-а став 1 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

10 (88) ■ вести > свет > политика ■ 06-Nov 05:15 -> 08-Nov 19:20
.
.
.
.

Трамп: Се уште не сум разговарал со Путин, но мислам дека ќе зборуваме

  • Што може да значи второто претседателство на Трамп за Америка

  • Министерство за правда на САД разгледува како да се откаже од обвинувањата против Трамп

  • Трамп: Ова ќе биде златното доба на Америка

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека по прогласувањето на победата на изборите не разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, но кажа оти „мисли дека ќе зборуваат“.

Доналд Трамп ќе биде следниот претседател на САД, кој ќе се врати во Белата куќа откако двапати беше отповикан и осуден за државни злосторства.

Специјалниот советник на американското Министерство за правда Џек Смит разгледува начини како да стави крај на два федерални кривични случаи против новоизбраниот претседател Доналд Трамп пред тој да ја преземе функцијата, изјави претставник на Министерството запознаен со ова прашање.

Ќе и помогнеме на нашата земја да заздрави, изјави денеска републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

12 (16) ■ вести > македонија ■ 08-Nov 11:12 -> 08-Nov 17:48
.
.
.
.

АХВ апелира: Граѓаните да пријават во АХВ ако најдат угината дива птица од водните видови

  • АХВ со апел до граѓаните да пријават пронајдени угинати водни птици

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните, за пронајдена угината дива птица од водните видови (патки, гуски и слично) да ја известат АХВ лично (во Централа или во подрачните единици на Агенцијата), на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или на ), или ветеринарните друштва.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните, за пронајдена угината дива птица од водните видови (патки, гуски и слично) да ја известат АХВ лично (во Централа или во подрачните единици на Агенцијата), на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или на [email protected]), или ветеринарните друштва.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија