1 (27) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Jun 08:43 -> 27-Jun 14:59
.
.
.
.

МУЦУНСКИ: Македонија од земја која беше со позиција на климање со глава, ја вративме на патот на самопочит, стабилност и влијание

  • Муцунски: Нема да има промени на нашите позициите за уставните измени

  • Муцунски: Пет проценти од БДП за одбраната е севкупна инвестиција во безбедноста

Дипломатијата не е само надворешна политика-таа е карактерот на државата во очите на светот.

Facebook / Timco Mucunski „Јас сè уште не можам да разберам што е тоа модерен македонски идентитет и модерен македонски јазик, како што има обид да се вметне во овој документ од Европскиот парламент и во таа смисла мислам дека во моментот, ценејќи ги околностите, не мислиме дека има создадено услови за уставни промени, бидејќи, очигледно е дека уставните измени се веројатно најмалото барање кое го има планирано Бугарија во однос на македонското прашање“, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за „360 степени“.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, изјави дека определбата за зголемување на средствата за одбрана до 5 проценти од БДП не се однесува само на класични воени набавки, туку претставува севкупна инвестиција во безбедноста, инфраструктурата и економскиот развој на државата.

2 (35) ■ вести > свет ■ 26-Jun 05:20 -> 27-Jun 22:32
.
.
.
.

Гроси: Соработката на Иран со МААЕ е обврска на официјален Техеран

  • Шефoт на МААЕ: Центрифугите во нуклеарниот комплекс Фордо повеќе не се во функција

  • Трамп: САД следната недела ќе разговараат со Иран за неговата нуклеарна програма

  • Европа верува дека Иран го преместил ураниумот пред американските напади

„Соработката на Иран со МААЕ во врска со неговата нуклеарна програма останува обврска за иранските власти“, рече Гроси во интервју за француската државна телевизија Франс 2 откако иранскиот Парламент вчета гласаше за прекин на соработката со МААЕ.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека нуклеарната програма на Иран претрпе огромна штета по неодамнешните напади од страна на САД и Израел, пренесува Анадолија.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно ќе побара од Иран да ја прекине својата нуклеарна програма на разговорите следната недела, додавајќи дека благодарение на нападите на САД врз Иран, војната меѓу Израел и Техеран заврши брзо.

Прелиминарните разузнавачки проценки сугерираат дека Техеран сè уште ги задржува поголемиот дел од своите залихи на високо збогатен ураниум, објави „Фајненшл тајмс“.Резервите на високо збогатен ураниум на Иран останаа во голема мера недопрени по американските напади врз големите нуклеарни постројки, веруваат европските престолнини, фрлајќи сомнеж врз тврдењата на претседателот Доналд Трамп дека бомбардирањето ја „уништило“ нуклеарната програма на Иран.

4 (20) ■ вести > свет ■ 26-Jun 07:44 -> 27-Jun 15:22
.
.
.
.

БАРАЛЕ ПОГОДЕН МОМЕНТ ДА ГО ЛИКВИДИРААТ АЈАТОЛАХОТ Шокантно признание од израелскиот министер за одбрана

  • Хамнеи: Иран ѝ удри шлаканица на Америка и ќе одговори на секој нов напад

  • Точка

Израел имал планови да го убие врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, за време на неодамнешната 12-дневна војна, но вистинскиот момент никогаш не дошол, изјави министерот за одбрана на Израел Бени Кац во интервју, . Кац во текот на 12-дневниот конфликт на социјалните мрежи отворено му се закани на Хамнеи дека ќе го убие.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, во првото јавно обраќање по прогласувањето на прекинот на огнот со Израел, изјави дека земјата „ѝ удри шлаканица на Америка“ со нападот врз американската воздухопловна база во Катар, и остро предупреди против какви било идни напади, јави Асошиејтед прес.

Во својата изјава, ајатолахот Хамнеи рече дека САД „не успеале да постигнат ништо значајно“ со нападот врз нуклеарните постројки на Иран.

7 (9) ■ вести > македонија ■ 27-Jun 11:45 -> 27-Jun 18:03
.
.
.
.

▷ Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив

  • Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив кој е спротивставен со стратешките интереси и на ЕУ и на НАТО

Софија е влезена во многу опасен наратив, кој е спротивставен со стратешките интереси и на ЕУ и на НАТО, а кој одговара на трети страни кои сакаат нестабилност во регионот, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција на која даде отчет за стаботеното во изминатата година - Сакам да ја повикам Софија да се однесува рационално, да не биде заглавена во ретроградните наративи кои што за жал одредени кругови во таа држава ги граделе по однос на македонското прашање историски наназад.

Софија е влезена во многу опасен наратив, кој е спротивставен со стратешките интереси и на ЕУ и на НАТО, а кој одговара на трети страни кои сакаат нестабилност во регионот, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција на која даде отчет за стаботеното во изминатата година – Сакам да ја повикам Софија да се однесува рационално, да не биде заглавена во ретроградните наративи кои што за жал одредени кругови во таа држава ги граделе по однос на македонското прашање историски наназад.

14 (7) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Jun 13:40 -> 27-Jun 17:00
.
.
.
.

Првата годината од новата Влада беше тежок период, но беше година на надежта, почнавме од минус

  • Фетаи: Предлог-законот за правична застапеност деновиве ќе биде испратен во Венецијанската комисија

Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи на денешната прес-конференција ги претстави тековните и идните политики во областа на доброто владеење во првата година од мандатот на новата Влада.

Мислењето на Венецијанската комисија, како што рече вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, ќе даде меѓународен печат на предлог-законското решение кое е стопроцентно во склоп со Уставот и добрите европски практики Предлог-законот за правична застапеност деновиве се очекува да биде испратен на мислење до Венецијанската комисија, информира вицепремиерот задолжен за добро владеење Арбен Фетаи.

16 (14) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Jun 17:18 -> 27-Jun 14:59
.
.
.
.

Вонреден електронски попис на населението 2026, но со услов

  • Мицкоски предложи електронски попис идната година, но го услови со прифаќање веднаш на една изборна единица

Премиерот со услов: Вонреден електронски попис на населението во 2026 по прифаќање на една изборна единицаВонреден електронски попис на населението во 2026 предложи премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, но неговата реализација ја постави како условена – тој побара да се прифати спроведување на избори со една изборна единица веднаш.

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на собраниската седница посветена на пратенички прашања предложи идната година да се спроведе вонреден електронски попис на населението, но го услови тоа со прифаќање на една изборна единица „веднаш“.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

116 (6) ■ сцена > култура ■ 26-Jun 06:09 -> 27-Jun 12:15
.
.
.
.

Македонските ученици со најмногу награди на меѓународен конкурс за стрип посветен на помирувањето

  • Триумф на македонската стрип заедница на меѓународен стрип конкурс

Фото: comic.mk Младите стрип-автори од Македонија постигнаа голем успех на Меѓународниот конкурс за стрип под мотото „Сè што сакаме да речеме е: дајте му шанса на помирувањето“, организиран од Клубот на визуелни уметници „Рашка школа за цртање“ од Рашка, Србија.

Младите македонски стрип автори убедливо доминираа на Меѓународниот стрип конкурс „ СЕ ШТО САКАМЕ ДА РЕЧЕМЕ Е ДАЈТЕ МУ ШАНСА НА ПОМИРУВАЊЕТ0“ Организатор на оваа повик е Клубот на визуелни уметници „Рашка школа за цртање“ од Рашка,Србија, во партнерство со Creative City Center – Мултифункционален социјален и културен центар од Албанија и соработници од и Србија.

117 (6) ■ сцена > култура ■ 26-Jun 07:10 -> 26-Jun 09:15
.
.
.
.

„Скопско лето“ - Концерт за деца „Песна за жирафата“ денес во Сули Ан

  • Концерт за деца „Песна за жирафата“ вечерва на „Скопско лето“

Во рамки на 46. фестивал „Скопско лето“, вечер од 20 часот во Сули ан ансамблот „Консонанс“ ќе изведе концерт за деца „Песна за жирафата“ – забавна и едукативна приказна на музика на Франц Јозеф Хајдн.

Вечерва, 26. јуни, во рамки на 46. издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одржи концерт за деца насловен „Песна за жирафата“ во изведба на ансамблот „Консонанс“ со почеток во 20:00 часот во Сули ан. Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари (родител+дете), кои ќе може да се купат пред почетокот на настанот на влезот на Сули ан. „Песна за Жирафата” е музичка приказна за деца која преку прекрасната музика на композиторот Ф. Ј. Хајдн и забавниот и едукативен текст, ни ги претставува и доловува специфичностите на секој од инструментите, на интересен и креативен начин.

125 (5) ■ сцена > life ■ 26-Jun 13:00 -> 26-Jun 18:15
.
.
.
.

Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на веков

  • Кузеска: Сања Божиновска создаде хаос во енергетиката кој го плаќаат граѓаните

Додека нечии последни мавтања со крилјата и звуци на птичјата песна одекнуваат над шумите, мочуриштата и морските гребени, научниците предупредуваат дека доколку не се преземат итни мерки за зачувување, повеќе од 500 видови би можеле да бидат изгубени засекогаш наредниве 100 години, според напис објавен во списанието „Нејчр“ за екологија и еволуција (Nature Ecology and Evolution). Нивното исчезнување би било тивка трагедија за природата, бидејќи птиците се чувари на природната рамнотежа, од којашто зависи и самиот човечки опстанок, пишува српскиот портал „Политика“.

Додека нечии последни мавтања со крилјата и звуци на птичјата песна одекнуваат над шумите, мочуриштата и морските гребени, научниците предупредуваат дека доколку не се преземат итни мерки за зачувување, повеќе од 500 видови би можеле да бидат изгубени засекогаш наредниве 100 години, според напис објавен во списанието „Нејчр“ за екологија и еволуција (Nature Ecology and Evolution). Нивното исчезнување би било тивка трагедија за природата, бидејќи птиците се чувари на природната рамнотежа, од којашто зависи и самиот човечки опстанок, пишува српскиот портал „Политика“.

173 (4) ■ сцена > култура ■ 26-Jun 08:07 -> 26-Jun 15:15
.
.
.

Во кино „Фросина“ почнува седмото издание на „Златна рамка“

  • Почнува седмото издание на „Златна рамка“ - Денови на македонскиот филм

Од денеска, четврток 26 јуни до 28 јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен.

Од денеска до 28 јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен.