Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во своето годишно обраќање во Собранието повика оти е време за храбар ЕУ исчекор, по примерот на оној од 2004 година, што, како што нагласи ќе означи реунификација, односно реинтеграција на регионот во ЕУ. -Балканот е природен дел на Европа: географски, историски и културно.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска напладне ќе има годишно обраќање во Собранието, прво во нејзиниот мандат.
Иако го нарече нерационално барањето за внес на Бугарите во Уставот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето годишно обраќање во парламентот рече дека со креативно интерпретирање на Преговарачката рамка, односно на заклучоците, единствено можно решение е спроведување на уставните измени со одложено дејство – по завршување на преговорите и ратификација на договорот за членство на земјава во ЕУ. Ова, како што рече, би било вин-вин решение за Бугарија која би го остварила своето барање, а подоцна и во меѓувреме би ѝ помагала на земјава за евроинтеграциите бидејќи ќе биде свесна дека колку побрзо ќе завршат преговорите на земјава, толку побрзо Бугарија ќе дојде до целта.