СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ и нема да ја кочи иднината на земјата и граѓаните за своја политичка корист но нема да биде параван на пропаднатите политики на Мицкоски, порача денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на народниот собир во с. Селце, Прилеп, кој традиционално се одржува по повод Денот на народното востание, 11 Октомври.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку видео обраќање, упати порака до граѓаните по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, во која прави паралела на партизанската борба за слобода и сопствена држава во 1941 и денешната битка пред која се исправени граѓаните и државата.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на народниот собир во прилепско с.Селце, порача дека Владата на ВМРО ДПМНЕ симболично ги зголеми платите на наставниците, што е далеку од потребното зголемување и тоа не е достоинствено решение.