1 (12) ■ вести > свет ■ 15-Jul 20:32 -> 16-Jul 20:32
.
.
.
.

Израелскиот министер за одбрана со порака до Сирија: Нема веќе предупредувања, доаѓаат болни удари

  • САД и ЕУ реагираат на израелските напади врз Сирија

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес објави дека предупредувањата во Дамаск се завршени и најави болни удари врз сирискиот режим, откако израелските сили извршија воздушни напади врз зградата на Министерството за одбрана и областа околу претседателската палата во Дамаск.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денес изразија загриженост за ситуацијата во Дамаск по израелските напади врз сирискиот главен град, додека сириските власти и друзите лидери изјавија дека е постигнат нов прекин на огнот во јужната покраина Свеиди.

2 (54) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Jul 13:40 -> 16-Jul 20:30
.
.
.
.

Изјавата на Тошковски дека дивоградбите би се уривале ако се опасни по живот е скандалозна, велат од СДСМ

  • Заради обезбедување докази за бесправна градба полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

  • Тошковски: Македонија е далеку побезбедна од тоа што беше пред две години, за тоа говорат бројките, граѓаните и фактите

  • Тошковски: За пожарите досега приведени околку 20 лица

Денешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека дивоградбите во Чаир, за кои се тврди дека се повеќе од 150 би се уривале „доколку се опасни по живот“ е скандалозна – реагираат од опозициската партија СДСМ.

Повеќе оддели во рамки на МВР – организиран криминал, крим полиција, СВР Скопје во текот на вчерашниот ден влегле во повеќе општини во рамки на Град Скопје при што постапуваат по конкретни наредби дадени од јавен обвинител, а повразно со бесправна градба, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Македонија е далеку побезбедна од тоа што беше пред две години, за тоа говорат бројките, граѓаните и фактите, а опозицијата нормално е дека ќе си дава изјави такви какви што си дава и нормално дека ќе обвинува, затоа што тоа и работа, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

За пожарите досега приведени околку 20 лица, за дел има основани сомненија дека се организирана група.

10 (9) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 16-Jul 15:25 -> 16-Jul 17:33
.
.
.
.

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

  • Oбвинение против затворски полицаец кој се обидел да шверцува дрога во „Идризово“ – го криел во долната облека

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден затворски полицаец поради основано сомневање дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден затворски полицаец поради основано сомневање дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

14 (105) ■ вести > свет > политика ■ 14-Jul 07:40 -> 16-Jul 15:30
.
.
.
.

Кремљ ќе анализира, па ќе одговори на ултиматумот на Трамп

  • Зеленски: Имав многу добар разговор со Трамп за подготвеноста да ја поддржи Украина

  • Трамп го прашал Зеленски дали Украина може да ја нападне Москва

  • Трамп: САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во Украина

Неодамнешните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за Русија, вклучително и заканата од „строго дефинирани тарифи“ против Москва, се сериозни и бараат понатамошна анализа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека имал многу добар разговор со американскиот претседател Доналд Трамп по неговата објава за испраќање ново оружје во Украина, додавајќи дека се согласиле во иднина почесто да разговараат за да ги координираат своите чекори.

Доналд Трамп го праша Володимир Зеленски дали Украина е способна да ја нападне Москва, бидејќи тој охрабруваше повеќе напади со долг дострел во Русија.

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе испрати ракети „Патриот“ во Украина, наведувајќи дека на Киев му се потребни за да се одбрани од Русија.

15 (15) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 16-Jul 10:52 -> 16-Jul 12:30
.
.
.
.

Апелациониот суд го осуди Васил на 3 години и 10 месеци затвор за дрога

  • Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за поседување и трговија со наркотици, откако Врховен ја укина претходната второстепена одлука

Апелациониот суд Скопје на 11 јуни 2025 година донесе нова пресуда со која ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов и го осуди на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци.

Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Васил Јованов и повторно го осуди на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ откако Врховниот суд во мај годинава ја укина претходната второстепана пресуда и го врати случајот на повторно судење.

Повеќе од
оваа категорија

8 (24) ■ спорт > фудбал ■ 14-Jul 08:58 -> 16-Jul 20:30
.
.
.
.

Јамал потпиша нов договор и ја доби „десетката“ во Барселона (ВИДЕО)

  • Јамал предизвика скандал: Ангажирал џуџиња за роденден, најавена тужба

  • Јамал под истрага за роденденската забава

Ламин Јамал пред неколку дена стана полнолетен, го прослави 18 роденден, а тоа значеше дека е исполнет последниот услов за да се официјализира соработката со Барселона, поточно да се стави потпис на новиот договор.

Во неделата, Ламине Јамал организираше гламурозна прослава по повод 18-тиот роденден на Ибица, но и покрај одредени ограничувања, таа не можеше да помине без скандал.

Шпанското Министерство за социјални права побара од Канцеларијата на Државниот обвинител да поведе истрага против фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, по обвинувањата дека ангажирал лица со џуџест раст како дел од забавната програма за неговиот роденден, јави денеска Би-Би-Си. Јамал го прослави својот 18. роденден во неделата во изнајмена вила во Оливела, гратче на 50 километри северозападно од Барселона, во присуство на инфлуенсери, јутјубери и клупски соиграчи, а, исто така, ангажирал и луѓе со џуџест раст како дел од забавата.

43 (3) ■ спорт > фудбал ■ 14-Jul 21:51 -> 16-Jul 17:59
.
.
.

Маркоски: Не се предаваме, има уште 90 минути во кои имаме што да покажеме!

  • Работнички ги пушти во продажба влезните билети за реваншот со белорускиот Торпедо

Македонскиот прволигаш е пред тешка мисија во реваншот против Торпедо Белаз, затоа што на првиот натпревар од воведното коло од квалификациите за Конференциската лига, на неутрален терен во загуби со 3-0. Сепак, од таборот на клубот од Дебар маало најавуваат дека нема да се предадат и дека мотивирано ќе го отворат утрешниот реванш во . „Нѐ очекува реванш против Торпедо-Белаз, сега имаме комплетна слика за ривалот, а се надеваме дека ние ќе одиграме многу подобро отколку на првиот меч.

Македонскиот прволигаш Работнички ги пушти во продажба картите за возвратниот натпревар против Торпедо Белаз, кој се игра во рамки на квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Повеќе од
оваа категорија

7 (23) ■ бизнис > економија ■ 16-Jul 10:16 -> 16-Jul 16:47
.
.
.
.

Славески: Создаден простор да се намалат и поедностават надоместоците што банките ги наплаќаат од граѓаните

  • НБ: Се намалуваат надоместоците за извршување на плаќањата во земјата и во СЕПА

  • Народната банка со конкретни чекори за намалување и поедноставување на надоместоците за извршување на плаќањата во земјата и во СЕПА

Советот на Народната банка донесе одлука за воведување нов модел на надоместици што банките ги плаќат за услугите на Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС). Со оваа промена, како што рече денеска гувернерот Трајко Славевски се воспоствува поедноставна и поконкурентна структура на тарифите, а тоа ќе овозможи пониски трошоци за електронските плаќања и ќе придонесе за поевтини услуги кон граѓанте и компаниите.

Во рамките на активностите за модернизација на платниот систем и за поттикнување на електронските плаќања, Советот на Народната банка на седница донесе одлука за целосно нов модел за тарифирање на банките за извршување и порамнување на плаќањата во Македонскиот интербанкарски платен систем.

Во рамките на активностите за модернизација на платниот систем и за поттикнување на електронските плаќања, Советот на Народната банка на вчерашната седница донесе одлука за целосно нов модел за тарифирање на банките за извршување и порамнување на плаќањата во Македонскиот интербанкарски платен систем.

42 (7) ■ бизнис > економија > политика ■ 16-Jul 12:17 -> 16-Jul 14:18
.
.
.
.

Почна изградбата на ветерниот парк кај Штип, 500 милиони долари инвестиција, струја за над 100 илјади домаќинства

  • Стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција од 500 милони долари на површина од 326 хектари ќе изгради 55 ветерници . Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција од 500 милони долари на површина од 326 хектари ќе изгради 55 ветерници кои ќе произведуваат струја за 100 илјади домаќинства.

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција од 500 милони долари на површина од 326 хектари ќе изгради 55 ветерници кои ќе произведуваат струја за 100 илјади домаќинства.

147 (2) ■ бизнис > македонија ■ 16-Jul 13:04 -> 16-Jul 14:07
.
.

Мицкоски: Најголемата инвестиција од половина милијарда долари, за производство на еден терават електрична енергија, се реализира по една година од најавата

  • Мицкоски: После година од најавата се остварува најголемата инвестиција од половина милијарда долари која ќе произведува 1 терават електрична енергија

По една година од најавата за изградба на најголемиот ветерен парк во државата, денес во близина на штипското село Љуботен беше поставен камен-темелникот за подигнување на првата ветерница.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обрати на поставувањето на камен темелникот за новиот ветерен парк на компанијата „Алказар Енерџи“, при што порача дека оваа инвестиција од половина милијарда долари е доказ дека Северна Македонија се движи во вистинска насока.

350 (4) ■ бизнис > свет ■ 14-Jul 11:32 -> 15-Jul 09:35
.
.
.
.

ЕВРОПСКАТА УНИЈА НЕ САКА ТРГОВСКА ВОЈНА СО САД Но, останува подготвена да реагира со реципрочни царини

  • Ако пропаднат трговските преговори со САД, Европската Унија ќе одговори соодветно

Земјите членки на ЕУ ги сметаат за апсолутно неприфатливи и неоправдани најавите од викендов на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување на царини од 30% за европските стоки од 1 август, изјави данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен.

Воведувањето дополнителни царини од 30% за производите увезени од Европа, што во текот на викендот го најави американскиот претседател Доналд Трамп, земјите членки на ЕУ го сметаат за целосно неоправдано и неосновано, изјави по денешниот состанок на министрите за трговија, шефот на данската дипломатија, Ларс Локе Расмусен, чија држава од 1-ви јули го презеде претседавањето со Унијата.