Владата останува на ставот дека политички се мотивирани протестите на вработените во шест министерства и две институции кои бараат зголемување, односно додаток на нивните плати од 30 проценти.
Вработени од неколку министерства, Државниот завод за статистика, Државниот архив и Бирото за метрологија денеска одржаа предупредувачки протест барајќи потпишување на колективни договори и исплата на 30 проценти додатоци на плата.
Доколку УПОЗ вистински се грижи за платите на работниците, ги повикуваме на разговор за изнаоѓање решенија.
Секој обид од страна на Владата или политичките партии, да докажат дека има политика во протестите или работата на Синдикатот, ќе им биде залуден, нагласи попладнево на протестот пред Министерството за култура, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски.