1 (98) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 03-Oct 08:38 -> 03-Oct 20:33
.
.
.
.

Во Прилеп утре Ден на жалост по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица

  • Нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Битола кај Лагово

  • Обвинителство: Наредено е вештачење на причините за сообраќајката на патот Прилеп-Битола

  • Ќе се испитуваат крв и урина од возачот на камионот

Во Прилеп, утрешниот ден се прогласува за Ден на жалост поради трагично загинатите медицински лица, кои утрово ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола.

АМСМ соопшти дека од 16:25 часот е нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Битола кај селото Лагово.

По извршениот увид на местото на сообраќајката што утрово се случи на патот Прилеп-Битола во која животот го загубија три лица, а едно е повредено, Основното јавно обвинителство Прилеп даде за сообраќајно-техничко вештачење за утврдување на причините за незгодата.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатите, сите патници во автомобилот, како и за испитување на примероци од крв и урина од возачот на камионот, соопштија по увидот на лице место на тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола во која утрово три лица го загубија животот, а едно е повредено од Основното јавно обвинителство Прилеп.

2 (191) ■ вести > свет ■ 01-Oct 07:45 -> 03-Oct 21:56
.
.
.
.

Милер: Одлуката на Гутереш да му се забрани влез во Израел е непродуктивна

  • Израел го прогласи генералниот секретар на ОН, Гутереш за „персона нон грата“

  • Нетанјаху: Иран направи голема грешка и ќе плати за тоа

  • Политико: САД поддржуваат се што Израел прави против Хезболах, но молчи за тоа

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер изјави дека одлуката на Израел за прогласување на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за „персона нон грата“ не е продуктивна.

Израелскиот министерот за надворешни работи, Израел Кац изјави дека на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш му е забранет пристапот во земјата поради, како што тој смета, неговата антиизраелска пристрасност.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека нападот на Иран врз неговата земја не успеал и вети дека ќе возврати.

Високи претставници на Белата куќа приватно му кажале на Израел дека САД ќе ја поддржат неговата одлука да го засили воениот притисок врз Хезболах.

3 (57) ■ вести > македонија > политика ■ 02-Oct 14:20 -> 03-Oct 23:02
.
.
.
.

Мендух Тачи го напушта Европскиот фронт

  • Европски фронт: Немаме намера да станеме дел од владината коалиција

  • Ахмети: Влегоа како голтари, станаа милионери, ја украдоа државата – ајде да видиме кој и колку украл

  • НЕКА ПОЧНЕ МИЦКОСКИ СО ВЕТИНГОТ, ПА ЌЕ ВИДИМЕ ДАЛИ МУ Е ДО ШЕГИ Ахмети тврди дека не е холивудски режисер

Лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, денеска ја официјализира својата одлука за напуштање на Европскиот фронт, соопшти порталот „Тетова сот“.

Европскиот фронт нема намера да стане дел од владината коалиција, порача денеска лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети на прес-конференцијата посветена на 100 дена работа на новата Влада.

Обраќајќи се денеска на конференцијата „100 дена скандали, понижувања и неуспеси“ организирана од Европскиот фронт, лидерот на ДУИ Али Ахмети порача да се организира ветинг за да се види кој колку украл.

Да го пробаме хуморот, да видиме како ќе излезе, изјави лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети откако денеска премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите коментирајќи го барањето на ДУИ за ветинг на сите функционери рече дека очекувал ваквиот тип на хумор и сатира да завршат со заминувањето на ДУИ во опозиција.

4 (65) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 02-Oct 09:28 -> 03-Oct 21:41
.
.
.
.

Обид за кражба во зградата во Чаир во која вчера настана пожар, приведени две лица

  • ЦУК: Се уште активен пожарот во зградата во Чаир, на терен три противпожарни возила

  • (ФОТО) Пожарот во Чаир сè уште активен, во гасењето се вклучува специјално противпожарно армиско возило

  • Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Министерството за внатрешни работа информира дека две лица денеска се лишени од слобода поради обид за кражба од зградата на улица „Серава“ во Скопје во која вчера настана пожар.

Се уште е активен пожарот во зградата во скопската населба Чаир, кој избувна вчера.

Пожарот што ноќеска избувна во зграда во скопски Чаир е сè уште активен.

Над 100 луѓе се евакуирани од зграда која утрово ја зафати пожар во скопската населба Чаир.

5 (149) ■ вести > македонија > политика ■ 01-Oct 09:39 -> 03-Oct 23:02
.
.
.
.

Филипче за „Клик плус“: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните ќе имаат се помалку пари во џебовите

  • СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски: 100 дена изговори, скандали и разочарувања

  • Мицкоски: За 100 дена реализиравме, донесовме или отпочнавме над 100 проекти, мерки и одлуки

  • СДСМ: Мицкоски стана комедијант, задоволен бил дека во првите 100 дена нема афери и скандали

За овие 100 дена Владата не покажа никаков интерес за граѓаните, за компаниите, ниту пак генерално за државата, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вечерашната емисија „Клик плус“ на ТВ 21. Филипче поосочи дека ВМРО ДПМНЕ не ги продолжи политиките коишто претходните седум години СДСМ интезивно ги спроведуваше и не ги зголеми платите и покрај тоа што сега нема инфалција.

Соопштение на СДСМ: 100 дена владеење на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е период на изговори, скандали, разочарувања, изневерени ветувања и назадување.

Првите 100 дена од изборот на новата Влада не беа лесни, но беа клучен период во кој многу работи станаа јасни – каде сме и каде треба да одиме и што е потребно за да стигнеме таму.

„Задоволен сум од работата на Владата во изминатите 100 дена без афери и скандали“ ја прогласуваме за досега најкомична изјава на премиерот Христијан Мицкоски.

6 (19) ■ вести > македонија > политика ■ 01-Oct 10:18 -> 03-Oct 20:38
.
.
.
.

Муцунски ќе се обрати на Парламентарното собрание на Советот на Европа

  • Муцунски: Неопходен е праведен и транспарентен процес на евроинтеграција заснован на меѓусебна почит

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе учествува и ќе се обрати на Парламентарното собрание на Советот на Европа, кое се одржува од 30 септември до 4 октомври 2024 година во Стразбур.

Процесот на нашата евроинтеграција сè уште е попречен од пречки кои изгледаат сè повеќе неправедни, и тоа не само што ја тестира отпорноста на институциите, туку и трпеливоста на народот, истакнал министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во обраќањето пред делегациите на земјите членки на Советот на Европа, во рамки на есенската сесија на Парламентарното собрание на СЕ, која се одржува од 30 септември до 4 октомври во Стразбур, соопшти МНРиНТ.

7 (9) ■ вести > македонија > политика ■ 03-Oct 19:29 -> 03-Oct 22:44
.
.
.
.

Не ми паѓа на памет да гарантирам нешто што не сум сигурен дека ќе го испорачам како што направија Пендаровски и Ковачевски, вели премиерот

  • МИЦКОСКИ: Од ЕУ ми велат вашите власти не убедуваа дека дават гаранција за нешто што не можат да го испорачаат

На памет не ми паѓа да давам гаранција за нешто што не сум сигурен дека ќе го испорачам, вели премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на „Само интервју“ на Канал 5, оценувајќи дека поранешниот државен врв не ги испорачал ветувањата за усвојувањето на уставните измени, како што ветувал пред челниците на Европската Унија (ЕУ). „Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски за жал прифатија нешто кое што не испорачаа, со што не засрамија и ги засрамија во ЕУ. Знаете мене што ми велат таму сите соговорници?

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на „Канал 5“ телевизија вели дека во Европската Унија соговорниците му кажале дека екс претседателот Стево Пендаровски и поранешниот премиер Димитар Ковачевски прифатиле нешто кое што не го испорачале односно дека ги убедувале дека ќе обезбедат 80 пратеници за гласање на внесување на Бугарите во Уставот, по принципот како за Преспанскиот договор.

8 (8) ■ вести > македонија > политика ■ 03-Oct 20:15 -> 03-Oct 22:09
.
.
.
.

▷ Мицкоски: Не сум во преговорите со Бугарија само колку да се учествува, туку да се избориме

  • Мицкоски: Не сум во преговорите со Бугарија само колку да се учествува, туку да се избориме, Делчев за мене е титан на македонската борба

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Само интервју“ на „Канал 5“ телевизија, говорејќи за преговорите со Бугарија, истакна дека во истите не се влегува само за да се учествува, туку треба да се избориме за успех, при што потенцираше дека Гоце Делчев за него е титан на македонската борба.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Само интервју“ на „Канал 5“ телевизија, говорејќи за преговорите со Бугарија, истакна дека во истите не се влегува само за да се учествува, туку треба да се избориме за успех, при што потенцираше дека Гоце Делчев за него е титан на македонската борба.

11 (7) ■ вести > свет ■ 01-Oct 09:42 -> 03-Oct 21:36
.
.
.
.

БОРИС ЏОНСОН: Нетанјаху ми постави апарат за прислушување во бањата

  • Борис Џонсон тврди дека кралицата Елизабета Втора имала рак: „Знаев за тоа повеќе од една година пред нејзината смрт“

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека е пронајден апарат за слушање во неговата приватна бања во Форин офисот, откако го користел Бенјамин Нетанјаху, пишува „Sky News“. Во својата нова книга „Unleashed “, поранешниот премиер тврди дека неговиот безбедносен тим пронашол уреди за слушање во тоалетите откако Нетанјаху ги користел објектите за време на посетата во 2017 година, пишува медиумот.

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон наскоро ќе ги објави своите мемоари „Ослободен“ , во кои, меѓу другото, пишува и за последната средба со покојната кралица Елизабета Втора . Според Џонсон, на кралицата ѝ бил дијагностициран рак на коските, . Џонсон имаше средба со кралицата само неколку дена пред нејзината смрт, во замокот Балморал.

13 (14) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 03-Oct 13:21 -> 03-Oct 17:45
.
.
.
.

Кривичната од МВР е политички мотивирана – велат од општина Карпош

  • Кривична пријава за Стевче Јакимовски и уште петмина за легализација на спортски објекти на „Александар Палас“

По информацијата дека Одделот за криминалистичка полиција при МВР поднел кривична пријава против една скопска општина и пет лица вработени во Секторот за урбанизам и правното лице од Скопје поради сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, од скопската општина Карпош велат „Секторот за урбанизам и правниот сектор во општина Карпош со индигнација ја отфрлаат оваа кривична пријава на МВР, истата ја сметаат за тенденциозна и злонамерна и политички мотивирана“.

Градоначалник на Каропш, Стевчо Јакимовски, и петмина вработени во оддел за урбанизам во истата општина добија кривична пријава бидејќи на правно лице кое ги раководело тениски терени и дозволиле истите да ги легализира, иако се времени објекти.

Повеќе од
оваа категорија

115 (12) ■ спорт > фудбал > мак фудбал ■ 02-Oct 10:55 -> 03-Oct 10:00
.
.
.
.

Милевски: Македонија се прашува за изгледот на табелата во оваа Лига на нации

  • Милевски го објави списокот на играчи за гостувањата кај Латвија и Ерменија

Ќе бидеме задоволни ако и по овој собир бидеме на првото место, каде што сме сега, изјави селекторот Милевски, пренесе ФФМ, пред натпреварите со Летонија на 10 октомври и со Ерменија три дена подоцна, двата на гости, во лигата Ц на Лигата на нации Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски го објави списокот со 25 фудбалери за двата натпревара на гости во Лигата на нации на Европската фудбалска унија (УЕФА), со Летонија на 10 октомври и со Ерменија три дена подоцна.

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, денеска на прес-конференција го објави списокот со повикани фудбалери за двата гостински натопревари од Лигата на нации, против Латвија и Ерменија.

Повеќе од
оваа категорија

118 (4) ■ бизнис > македонија ■ 03-Oct 11:51 -> 03-Oct 12:40
.
.
.
.

ГРОЗЈЕТО ГОДИНАВА ЌЕ СЕ ОТКУПУВА ПО ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКА ЦЕНА Раце ќе тријат и тутунарите, сливарите, јаболкарите…

  • Мицкоски: Во првите 100 дена имаме покачени субвенции за јачмен и пченица, исплата на 1 милијарда денари заостанати субвенции, историски највисока цена на грозјето и многу други проекти

Во првите 100 дена од мандатот во земјоделството се преземени крупни чекори.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во првите 100 дена од мандатот во земјоделството се преземени крупни чекори, укажувајќи дека исплатени се заостанатите плати во Национални шуми и АД Водостопанство, исплатени се 1 милијарда денари заостанати субвенции, зголемени субвенции за јачмен и пченица, како и постигната е највисока откупна цена за грозјето.

120 (4) ■ бизнис ■ 03-Oct 10:39 -> 03-Oct 12:55
.
.
.
.

НА ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И РОМАНЦИТЕ ИМ СЕ СПОИЈА ЖИЧКИТЕ До кога ќе плаќаат многу поскапа струја од „западњаците“, нели се сите заедно во ЕУ?!

  • Министрите за енергија на ЕУ на 15 октомври ќе расправаат за проблемот со скапата струја во ЈИЕ

Барањето на Бугарија, Грција и Романија за интервенција на Европската комисија во врска со стандардно повисоките цени на струјата на енергетскиот пазар во Југоисточна Европа во споредба со оние во земјите од Западна Европа, ќе се најде на дневен ред на заседанието на министерскиот Совет за транспорт, телекомуникации и енергија на ЕУ, предвидено за 15 октомври во Луксембург.

Барањето на Бугарија, Грција и Романија за интервенција на Европската комисија во врска со стандардно повисоките цени на струјата на енергетскиот пазар во Југоисточна Европа во споредба со оние во земјите од Западна Европа, ќе се најде на дневен ред на заседанието на министерскиот Совет за транспорт, телекомуникации и енергија на ЕУ, предвидено за 15 октомври во Луксембург.

325 (4) ■ магазин > живот ■ 01-Oct 07:27 -> 03-Oct 07:27
.
.
.
.

Дневен хороскоп за вторник, 1-ви октомври 2024-та

  • Дневен хороскоп за вторник (01.10.2024)

ОВЕНДенеска ќе се чувствувате добро доколку потрошите повеќе време на омилените активности, на пример, да одите на танцување или да креирате нешто.

Oвeн – Meceчинaтa вo Дeвицa мoжe дa вe инcпиpиpa дa paзмиcлитe ĸaĸo дa ja пoдoбpитe вaшaтa физичĸa ĸoндициja и мeнтaлнa блaгococтojбa. Oвa мoжe дa ce нaпpaви пpeĸy пpoмeнa нa иcxpaнaтa, вeжбaњe или eднocтaвнo oдвojyвaњe вpeмe зa oдмop и пoлнeњe. Биĸ – Дeнec дypи и oбичнa шoлja чaj мoжe дa ce чyвcтвyвa ĸaĸo лyĸcyз дoĸoлĸy oдвoитe вpeмe дa гo цeнитe нeгoвиoт вĸyc и apoмa. Oвoj мaл мoмeнт нa зaдoвoлcтвo нocи чyвcтвo нa yдoбнocт и paдocт вo вaшиoт дeн. Уживajтe вo oвa eднocтaвнo зaдoвoлcтвo и нeĸa вe пoтceти нa вaжнocтa дa ja пpoнajдeтe yбaвинaтa вo мaлитe нeштa. Близнaци – Дeнec ќe бидe ĸлyчнo пpaвилнo дa ги пpиopитизиpaтe вaшитe зaдaчи. Co идeнтифиĸyвaњe нa oнa штo нaвиcтинa e вaжнo, мoжeтe дa избeгнeтe гyбeњe вpeмe. Бидeтe пpeцизни вo пpиcтaпoт и фoĸycиpajтe ce нa oнa штo нajмнoгy ќe ви ĸopиcти. Paĸ – Дeнecĸa мoжeтe дa нajдeтe paдocт вo coздaвaњeтo cвeтлo ĸaтчe вo вaшиoт дoм ĸaдe штo ќe мoжeтe дa ce пoвлeчeтe и дa coбepeтe eнepгиja. Oвa мecтo cтaнyвa извop нa cмиpeнocт и paмнoтeжa штo ќe ja нaxpaни вaшaтa дyшa. Hajдeтe вpeмe дa дeĸopиpaтe co paбoти ĸoи ви нocaт paдocт и yживajтe вo дyшeвeн миp штo ви гo дaвaaт. Лaв – Co Meceчинaтa вo Дeвицa пocтoи oпacнa тeндeнциja, пa зaтoa тpeбa дa бидeтe пoвнимaтeлни и пoпpaĸтични.

335 (4) ■ магазин ■ 01-Oct 09:14 -> 02-Oct 09:47
.
.
.
.

„За добро да е“: Култната група „Меморија“ со нова песна пред големиот концерт на 16 ноември

  • АУДИО| „Меморија“ со песна „малер убива“ и повикува – „За добро да е“

Легендарната македонска група „Меморија“ во пресрет на својот голем славенички концерт закажан за 16 ноември 2024 во арената „Борис Трајковски“ по повод 40 години од своето постоење, во етер пушти уште една нова, петта по ред песна насловена „За добро да е“ . Овој пат во прашање е нова авторска песна, чиј автор е новиот гитарист на бендот Рубин Димковски , додека автор на текстот е Душко Темелковски , некогашниот пејач на прилепската група „Бен Хур“ . Песната е стилски поинаква од сето она што досега групата го работела, во брз ска ритам, но со мошне заразен и певлив хорски рефрен и стихови од кои извира чиста позитива, што и тоа како ни е потребно на сите нас во овие матни времиња.

Легендарната македонска група Меморија во пресрет на својот голем славенички концерт закажан за 16-ти ноември 2024 во арената „Борис Трајковски“ по повод 40 години од своето постоење, во етер пушти уште една нова, петта по ред песна насловена „За добро да е“. Овој пат во прашање е нова авторска песна, чиј автор е новиот гитарист на бендот Рубин Димковски, додека автор на текстот е Душко Темелковски, некогашниот пејач на прилепската група „Бен Хур“.Песната е стилски поинаква од сето она што досега групата го работела, во брз ска ритам, но со мошне заразен и певлив хорски рефрен и стихови од кои извира чиста позитива, што и тоа како ни е потребно, на сите нас, во овие матни времиња.