Според последниот годишен извештај на организацијата „Фридом Хаус“, која ја следи состојбата на демократијата ширум светот, Македонија повторно е делумно слободна земја, и нема поместувања во позицијата во споредба со минатата година.
Состојбата со слободата се влошила минатата година, а авторитаризмот се засилил, утврди невладината организација Фридом Хаус, која ја следи состојбата на демократијата ширум светот, во својот годишен извештај објавен денеска.