Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, се сретна со сирискиот претседател во Саудиска Арабија, според извештај на Washington Post, откако ненадејно беше објавено дека САД ќе ги укинат сите санкции врз владата предводена од исламисти.
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ќе ги укине санкциите против Сирија, пред очекуваната средба со нејзиниот лидер Ахмед ал-Шара, јави Би-Би-Си. Трамп се согласи да се сретне со привремениот претседател на Сирија денеска во Саудиска Арабија, како дел од неговата турнеја низ Блискиот Исток, соопшти Белата куќа.
Американскиот претседател Доналд Трамп, на покана на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, денеска се сретна со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара, соопшти портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит.