1 (4) ■ вести > свет > еу ■ 23-Jun 07:24 -> 23-Jun 11:45
.
.
.
.

Шпанија бара суспензија на договорот што ги регулира односите меѓу ЕУ и Израел

  • Шпанија бара суспензија на договорот меѓу ЕУ и Израел

Шефот на шпанската дипломатија Хозе Мануел Албарес денеска изјави дека ќе побара од Советот на ЕУ да го одобри суспендирање на договорот што ги регулира односите меѓу ЕУ и Израел „во знак на протест против кршењето на човековите права во Газа“.

Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, во понеделник изјави дека ќе побара од Советот на ЕУ да го одобри суспендирањето на договорот што ги регулира односите меѓу ЕУ и Израел „во знак на протест против кршењата на човековите права во Газа“.

13 (57) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Jun 00:37 -> 23-Jun 11:45
.
.
.
.

Филипче: Подадов рака за вистински реформи во судството, но ВМРО-ДПМНЕ не го сака тоа

  • Филипче: Ова не е промената која граѓаните ја бараа, понижени се работниците, земјоделците и младите

  • Тој каменот од Битола е главен проблем за се

  • Филипче: Наместо сите да се интегрираме, очигледно ДПМНЕ сака еден по еден да го бараме патот кон ЕУ

Правдата беше едно од клучните ветувања на оваа власт – и токму таму најмногу разочара.

По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНAM и ВЛЕН, Македонија не изгледа како просперитетна држава со јасна насока – туку како држава со повредено достоинство и разочарани граѓани.

Секогаш има падови, грешки, но има и поуки и враќање.

По една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, Македонија не само што не се доближи до ЕУ, туку се оддалечи од секоја стратешка насока.

15 (9) ■ вести > македонија > политика > образование ■ 23-Jun 06:33 -> 23-Jun 10:00
.
.
.
.

Нефункционални лифтови и проблеми со топла вода во домовите, реагираат од УСС-УКИМ

  • Од УСС УКИМ апелираат на навремено решавање на проблемите во студентските домови

Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС-УКИМ) достави две официјални барања до Државниот студентски дом – Скопје, студентскиот дом „Пелагонија” и Министерството за образование и наука, во врска со унапредување на условите за престој и живот во студентските домови.

Фото: Мета.мк Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС-УКИМ) доставиле две официјални барања до Државниот студентски дом – Скопје, студентскиот дом „Пелагонија“ и Министерството за образование и наука, во врска со унапредување на условите за престој и живот во студентските домови.

Повеќе од
оваа категорија

5 (20) ■ спорт > кошарка > нба ■ 21-Jun 08:11 -> 23-Jun 11:25
.
.
.
.

Оклахома Сити за прв пат ја освои НБА титулата

  • Индијана не издржа без Халибартон, Оклахома е новиот шампион во НБА! (ВИДЕО)

  • (Видео) Оклахома ја освои НБА лигата - Шеј е МВП, Халибартон тешко се повреди

Оклахома Сити Тандер ја освои својата прва НБА титула утрово, победувајќи ја Индијана со 103-91 во седмиот натпревар од плејофот, поведувајќи во серијата со 4-3. Шеј Гилџис-Александар од Оклахома Сити беше прогласен за MВП на серијата откако имаше просек од 30,3 поени, 5,8 асистенции и 4,8 украдени топки во седум натпревари.

Во седмиот натпревар од големото финале, Оклахома на свој терен ја совлада Индијана со 103-91. Пред Пејерс, Оклахома ги елиминираше Мемфис (4-0, Денвер 4-3, Минесота (4-1). Натпреварот за жал беше обележан со тешката повреда на Тајрис Халибартон кој за седум минути запиша девет поени пред тешко да се повреди и во големи болки да го напушти паркетот.

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер се новите шампиони на НБА.

Повеќе од
оваа категорија

99 (8) ■ бизнис > македонија ■ 22-Jun 08:54 -> 22-Jun 13:53
.
.
.
.

Бизнис, држава и иднина - Кочо Анѓушев отворено за многу општествено политички прашања

  • ТХП започна постапка за утврдување на кандидати за локалните избори

Книгата со наслов ,,Таков каков што сум’’ пишува за бизнис, еснаф, наука, иднина, политика, лични погледи на многу општествени случувања, пораки за младите и охрабрување за секој кој сака да почне нешто свое и да биде претприемач.

Ова книга која ја издаде бизнисменот проф. д-р Кочо Анѓушев и е негова автобиографија, со оглед на тоа што внатре пишува и за своето детство, за образованието, за неговите претци, за тоа што научил од неговиот дедо, фабрикант пред втората светска војна, и чии совети му биле насока во неговата работа, а пред се во делот да наоѓа области во кои никој дотогаш нема работено и не се познати.

121 (7) ■ бизнис > економија ■ 22-Jun 06:20 -> 23-Jun 09:45
.
.
.
.

ИНРМ: Броилата мора да се видливи - ЕВН се соочува со казни до 3.000 евра

  • ИНРМ: Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броило

Согласно новиот Закон за енергетика кој стапи на сила на 29 мај 2025 година, операторот на електродистрибутивниот систем е должен да овозможи визуелен пристап на потрошувачите до мерните уреди.

Поднесовме официјално барање до Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и Државниот пазарен инспекторат, како и до Министерството за енергетика, за да се потврди кој од нив е надлежен за постапување и санкционирање во случај потрошувачите на електрична енергија да немаат визуелен пристап до сопствените броила, информираат од Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ). Веднаш по добивањето на нивниот одговор, посочуваат, јавноста ќе биде информирана кој инспекциски орган е директно одговорен за постапување по претставки за оневозможен пристап до броилата.