1 (17) ■ вести > култура ■ 19-Sep 11:07 -> 21-Sep 10:30
.
.
.
.

Во Битола почнува 45-тото издание на Фестивалот „Браќа Манаки“ – ќе бидат откриени и ѕвезди на досегашните добитници на „Златна камера 300“

  • „Патека на славните“ на Широк сокак во Битола

Над 450 гости кинематографери од САД, Велика Британија, Италија, Франција, Шпанија и Австралија заедно до домашната публика, вечерва во Битола ќе минат на црвениот килим за да го пролседат свеченото отворање на 45. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“.

На ден пред почетокот на 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, на Широк сокак во Битола се оформува „Патека на славните“ на која се поместени 18 ѕвезди.

6 (97) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 20-Sep 07:35 -> 20-Sep 22:30
.
.
.
.

Палевски негира вина и тврди дека ЈО извршува политички наредби и злоупотребува докази

  • Започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски

  • Таткото на Вања: Чувствувам болка која не може да се објасни, чувствувам и обврска кон Вања

  • ВИДЕО|Палчо пукал во главата на Вања преку перниче – наведено на судењето

Првообвинетиот Љупчо Палевски, за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, денеска, во Основниот кривичен суд се произнесе дека не се чувствува виновен и дека Основното јавно обвинителство извршува политичка наредба.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Јас загинав на 27-ми. Тоа што остана е ехо од човек од мене, чувствувам болка која не може да се објасни.

Со пиштол со калибар од 9 милиметри и преку перниче обвинетиот Љупчо Палевски Палчо пукал во главата на Вања Ѓорчевска, се наведува во обвинението за убиството на 14-годишното девојче што се случи лани во ноември во Скопје, а за кое судскиот процес почна денеска.

10 (62) ■ вести > свет ■ 19-Sep 08:42 -> 21-Sep 10:25
.
.
.
.

Хезболах објави дека уште еден висок командант е убиен во израелскиот воздушен напад врз предградие на Бејрут

  • Јапонската компанија чие лого наводно било на уредите кои експлодирале го прекинала нивното производство пред 10 години

  • Лидерот на Хезболах за експлозиите на пејџери и воки-токи апарати: Ова е објава на војна кон Либан

  • Експлозии во Либан: Што се знае досега за нападите?

Либанската шиитска група Хезболах утринава соопшти дека Ахмед Вахби, висок командант кој ги предводеше воените операции на нивните специјални сили Ар Радван во војната во Газа до почетокот на оваа година, бил убиен во израелски воздушен напад во предградие на Бејрут.

Јапонската фирма Иком соопшти дека пред околу 10 години престанала да произведува модел на воки-токи што наводно бил користен во неодамнешните експлозии во Либан.

Експлозиите на пејџери и воки-токи апарати во Либан претставува терористички чин и објавување на војна кон народот на Либан, изјавил лидерот на милитантната група Хезболах Хасан Насрала, објави Би-би-си. Според него, Израел ги преминал црвените линии.

Илјадници пејџери и воки-токи уреди користени од либанскоот шиитско движење Хезболах експлодираа ширум Либан оваа седмици, во невидените досега во историјата напади во кои загинаа 32 лица, а беа ранети повеќе од 3.000.

12 (5) ■ вести > свет ■ 21-Sep 08:15 -> 21-Sep 10:11
.
.
.
.

ЕУ на Генералното собрание на ОН: Главен фокус - справувањето со конфликтите и кризите

  • ▷ ЕУ на Генералното собрание на ОН: Главен фокус – справувањето со конфликтите и кризите

Висока делегација на Европската Унија, предводена од претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен, во чиј состав ќе бидат и неколкумина еврокомесари, во наредните денови ќе престојува во Њујорк, каде ќе учествува во работата на 79-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, при што главен фокус на нејзиниот ангажман ќе биде ставен на справување со конфликтите и кризите ширум светот.

Висока делегација на Европската Унија, предводена од претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен, во чиј состав ќе бидат и неколкумина еврокомесари, во наредните денови ќе престојува во Њујорк, каде ќе учествува во работата на 79-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, при што главен фокус на нејзиниот ангажман ќе биде ставен на справување со конфликтите и кризите ширум светот.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

23 (16) ■ бизнис > економија ■ 20-Sep 14:47 -> 21-Sep 09:22
.
.
.
.

Пониски цени на 73 прехранбени производи до 31 октомври

  • Објавена есенската кошница, 73 производи со ограничена бруто профитна маржа до 10 проценти

Цените на 73 прехранбени производи до 31 октомври годинава се очекува да бидат пониски, откако Владата вчера ја објави есенската потрошувачка кошница и усвои Одлука за ограничување на бруто профитна маржа . Цените на 73 прехранбени производи до 31 октомври годинава се очекува да бидат пониски, откако Владата вчера ја објави есенската потрошувачка кошница и усвои Одлука за ограничување на бруто профитна маржа на дел од основните прехранбени производи до 10 проценти во трговијата на големо и на мало.

Ориз, брашно, тестенини, масло, млеко, јогурт, млечни производи, зеленчук, овошје, се на листата со 73 три производи во таканаречената есенска потрошувачка кошница.

109 (5) ■ бизнис > економија ■ 20-Sep 11:31 -> 20-Sep 11:57
.
.
.
.

Работилница на Народната банка: СЕПА ќе донесе заштеда од 16 милиони евра годишно за иселениците и нивните семејства

  • Народна банка со важна вест за граѓаните: Македонија се приклучува на СЕПА

По пристапувањето во Единствената област за плаќање со евра (СЕПА), прекуграничните плаќања ќе се извршуваат во рок од еден ден, а доколку се користат системите за инстант плаќања − во рок од неколку секунди, додека во моментов тоа трае три дена, во просек и граѓаните од регионот на Западен Балкан имаат повисоки трошоци за шестпати, во просек, за прекуграничните плаќања од граѓаните во ЕУ. Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“.

По пристапувањето во Единствената област за плаќање со евра (СЕПА), прекуграничните плаќања ќе се извршуваат во рок од еден ден, а доколку се користат системите за инстант плаќања − во рок од неколку секунди, додека во моментов тоа трае три дена, во просек и граѓаните од регионот на Западен Балкан имаат повисоки трошоци за шестпати, во просек, за прекуграничните плаќања од граѓаните во ЕУ. Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“.