1 (116) ■ вести > свет ■ 01-Oct 07:45 -> 02-Oct 23:40
.
.
.
.

Нетанјаху: Иран направи голема грешка и ќе плати за тоа

  • Иран изврши ракетен напад врз Израел, низ земјата и се слушаат сирени и експлозии

  • Иран го нападна Израел

  • Израел вети одговор на иранскиот напад

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека нападот на Иран врз неговата земја не успеал и вети дека ќе возврати.

Иран изврши ракетен напад врз Израел, два пресретнувања слушнаа новинарите на Би-Би-Си во Ерусалим, додека низ Израел се огласуваат сирени за воздушен напад, а на цивилите им е кажано да се засолнат.

Од некогашни сојузници до непријатели- децениските тензии меѓу Иран и Израел пукнаа уште еднаш откако синоќа Иран реши врз Израел да истерела околу 200 ракети.

Израелската војска вчера соопшти дека ракетниот напад од Иран завршил и луѓето би можеле да ги напуштат засолништата, ветувајќи му одговор на Техеран на нападот.

2 (110) ■ вести > македонија > политика ■ 01-Oct 09:39 -> 02-Oct 19:45
.
.
.
.

Тренчевска: Платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила

  • СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски: 100 дена изговори, скандали и разочарувања

  • Мицкоски: За 100 дена реализиравме, донесовме или отпочнавме над 100 проекти, мерки и одлуки

  • Не добивме ниту еден предлог за правосудните реформи, почнуваме да го развиваме нашиот систем на реформи, најави Мицкоски

Катастрофални се економските политики на новата влада предводена од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштение на СДСМ: 100 дена владеење на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е период на изговори, скандали, разочарувања, изневерени ветувања и назадување.

Првите 100 дена од изборот на новата Влада не беа лесни, но беа клучен период во кој многу работи станаа јасни – каде сме и каде треба да одиме и што е потребно за да стигнеме таму.

Рокот до 30 септември што го даде Владата помина, но за жал до нас не стигна ниту еден конкретен предлог како треба да се одвива реформата во нашиот правосуден систем.

3 (23) ■ вести > македонија > политика ■ 02-Oct 14:20 -> 02-Oct 20:04
.
.
.
.

Европски фронт: Немаме намера да станеме дел од владината коалиција

  • Ахмети сега не сака во Влада: Не сум јас резервна гума

  • Ахмети: Влегоа како голтари, станаа милионери, ја украдоа државата – ајде да видиме кој и колку украл

Европскиот фронт нема намера да стане дел од владината коалиција, порача денеска лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети на прес-конференцијата посветена на 100 дена работа на новата Влада.

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, денеска на конференцијата „100 дена скандали, понижувања и неуспеси“, изјави дека Европскиот фронт не е заинтересиран да стане дел од Владата, бидејќи, како што додаде, тие не се резервна гума.

Обраќајќи се денеска на конференцијата „100 дена скандали, понижувања и неуспеси“ организирана од Европскиот фронт, лидерот на ДУИ Али Ахмети порача да се организира ветинг за да се види кој колку украл.

4 (24) ■ вести > македонија > политика ■ 02-Oct 07:08 -> 02-Oct 15:37
.
.
.
.

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК, објавен оглас за избор на двајца нови членови

  • Собранието ќе ја започне 16. седница

  • Борис Кондарко избран за претседател на ДИК

Собранието на денешната 16. седница донесе одлука за усогласување на составот на Државната изборна комисија (ДИК) по смената на власта во земјата а во согласност со изборното законодавство со кое, меѓу другото, се предвидува претседателот на ова тело да биде од редот на опозицијата.

Во Собранието денеска треба да започне 16. седница на која на дневен ред има повеќе одлуки и закони.

Собранието на денешната 16. седница донесе одлука за усогласување на составот на Државната изборна комисија (ДИК) по смената на власта во земјата а во согласност со изборното законодавство со кое, меѓу другото, се предвидува претседателот на ова тело да биде од редот на опозицијата.

5 (12) ■ вести > фудбал > лига на шампиони ■ 02-Oct 13:54 -> 02-Oct 21:45
.
.
.
.

ВИДЕО: Миовски изнуди, па промаши пенал за Џирона против Феенорд

  • Миовски цел живот ќе ја памети денешната средба – првпат ќе заигра во ЛШ!

имаше одлична шанса да го запише првиот погодок во Лигата на шампионите, но не успеа да реализира удар од единаесет метри на натпреврот против . Нашиот напаѓач најпрво изнуди пенал во 66. минута, се намести на белата точка, но биеше ниско по левата страна, а гостинскиот голман Веленројтер одлично го прочита неговиот удар. се обидува да ги освои првите бодови во Лигата на шампионите, а нашиот центарфор беше на теренот до 75. минута, кога на неговото место вртча .

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски, доживотно ќе ја памети вечерашната пресметка на неговата Жирона против Феенорд (18.45 часот), откако е најавен како стартер што би било негово деби во Лигата на шампионите.

6 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 01-Oct 11:08 -> 02-Oct 14:15
.
.
.
.

Утврдени се чекорите за справување со нелегалното онлајн коцкање

  • АНДОНОВСКИ: Наша цел е до 2030 година, најмалку 80 отсто од возрасното население да поседува основни дигитални вештини

  • Се блокираат стотина странски онлајн казина – Андоновски најави конкретни мерки

Владата веќе ги утврди чекорите како ќе се справува со нелегалното онлајн коцкање, кое ќе биде нејзин примарен приоритет во наредниот период, бидејќи тоа е многу раширено кај младите во општеството, а наскоро ќе бидат претставени и активности што ќе бидат презмени, вели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Скопје имаше поздравно обраќање на министерска конференција на Управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука и истражување и иновации, во организација на делегацијата на Европската унија во Република Македонија.

По згаснувањето на домашните онлајн-коцкарници, кои нелегално приредуваа игри на среќа, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави дека ќе го забранат пристапот до веб-страниците регистрирани во странство, кои кај нас нелегално организираат игри на среќа.

7 (15) ■ вести > македонија ■ 02-Oct 13:19 -> 02-Oct 20:35
.
.
.
.

ЈО: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура Костадиновска-Стојчевска е пристигнат и се проучува

  • Љутков: Уште нема новост од Обвинителството за трошењето на буџетски пари од страна поранешната министерка за култура

Попладнево од Јавното обвинителство информираа дека вчера кај нив е пристигнато известување од Министерството за внатрешни работи и документацијата од Министерството за култура за наводната злоупотреба на буџетски средства од поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска потенцираше дека се уште нема новости од Јавното обвинителство во врска со наводната злоупотреба на буџетски пари од поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

12 (18) ■ вести > македонија > политика ■ 02-Oct 11:36 -> 02-Oct 19:30
.
.
.
.

Перински: На платформата „Сподели“ граѓаните најмногу се жалат на недостапност на услуги кои би требало да ги добиваат

  • ПЕРИНСКИ: За 100 дена над 1 милијарда денари инвестирани во речиси 200 инфраструктурни проекти во сите осум плански региони

Граѓаните најмногу се жалат на недостапност на услуги кои би требало да ги добиваат од јавните институции, изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински откако на прес-конференција посветена на отчет во неговиот ресор соопшти дека во изминатите 100 дена е отворена платформа „Сподели“ на која граѓаните можат да му се обратат на мејлот spodeli@mls. gov. mk за каков било проблем, предлог, критика и идеја.

Во отчетот за работата на Министерството за локална самоуправа во изминатите сто дена, министерот Златко Перински истакна дека 100-те дена не биле лесни, но се почеток на долгорочен пат и, како што рече, нова ера на инклузивност кон сите граѓани и кон сите општини без селективен пристап.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

221 (4) ■ магазин ■ 01-Oct 09:14 -> 02-Oct 09:47
.
.
.
.

„За добро да е“: Култната група „Меморија“ со нова песна пред големиот концерт на 16 ноември

  • АУДИО| „Меморија“ со песна „малер убива“ и повикува – „За добро да е“

Легендарната македонска група „Меморија“ во пресрет на својот голем славенички концерт закажан за 16 ноември 2024 во арената „Борис Трајковски“ по повод 40 години од своето постоење, во етер пушти уште една нова, петта по ред песна насловена „За добро да е“ . Овој пат во прашање е нова авторска песна, чиј автор е новиот гитарист на бендот Рубин Димковски , додека автор на текстот е Душко Темелковски , некогашниот пејач на прилепската група „Бен Хур“ . Песната е стилски поинаква од сето она што досега групата го работела, во брз ска ритам, но со мошне заразен и певлив хорски рефрен и стихови од кои извира чиста позитива, што и тоа како ни е потребно на сите нас во овие матни времиња.

Легендарната македонска група Меморија во пресрет на својот голем славенички концерт закажан за 16-ти ноември 2024 во арената „Борис Трајковски“ по повод 40 години од своето постоење, во етер пушти уште една нова, петта по ред песна насловена „За добро да е“. Овој пат во прашање е нова авторска песна, чиј автор е новиот гитарист на бендот Рубин Димковски, додека автор на текстот е Душко Темелковски, некогашниот пејач на прилепската група „Бен Хур“.Песната е стилски поинаква од сето она што досега групата го работела, во брз ска ритам, но со мошне заразен и певлив хорски рефрен и стихови од кои извира чиста позитива, што и тоа како ни е потребно, на сите нас, во овие матни времиња.