1 (21) ■ вести > македонија ■ 27-Feb 12:00 -> 27-Feb 13:50
.
.
.
.

„НЕ ПРИФАЌАМ ДА БИДАМ ЗАМЕНИК САМО НА САРАЈ“ Десната рака на Данела во Град Скопје си поднесе оставка

  • Град Скопје: Трајановски не може да даде оставка, од декември е разрешен

  • Заменик-градоначалникот на Град Скопје Александар Трајановски си поднесе оставка

Заменик градоначалникот на Скопје, Александар Трајановски, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, истакнувајќи дека не се согласува со насоката во која се водат Градот и јавните претпријатија.

Откако Александар Трајановски, денеска пред седницата на Советот на Град копје објави дека поднесува оставка од функцијата заменик-градоначалник, од Градот испратија соопштение во кое велат дека тој не може да даде денес оставка од местото од кое е разрешен пред 3 месеци.

На денешната седница на советот Трајановски рече дека градоначалничката Данела Арсовска се грижи единствено за „кланот од Сарај“, кој под незјино водство владее со Скопје.

5 (18) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Feb 09:42 -> 27-Feb 13:40
.
.
.
.

МНР – Демантираат дека преку емаил се отповикани амбасадори назначени од Пендаровски

  • МНР: Девет амбасадори известени за завршување на мандатот

Во врска со информациите што утринава беа објавени на дел од интернет порталите, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека станува збор за неточни наводи кои воопшто не соодветствуваат со фактичката состојба.

Во врска со информациите што утринава беа објавени на дел од интернет порталите, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека станува збор за неточни наводи кои воопшто не соодветствуваат со фактичката состојба, сооппшти МНР откако дел од медиумите утрово објавија дека се отповикани осум амбасадори -Во однос на постапката за отповикување на определен број амбасадори, информираме дека Министерството е во редовна и континуирана комуникација со Кабинетот на Претседателот на државата.

10 (81) ■ вести > свет > регион ■ 25-Feb 12:13 -> 27-Feb 12:34
.
.
.
.

ДОДИК Е ПОДГОТВЕН ДА РАЗГОВАРА ЗА СИТЕ ТЕШКИ ТЕМИ Но, инсистира Србите да го добијат она што им го дал Уставот на БиХ

  • Додик прогласен за виновен, Лукиќ ослободен од обвиненијата

  • Европратеници повикаа на воздржување од политички закани и штетни активности по пресудата за Додик

  • Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е подготвен да разговара со сите претставници на бошњачкиот и хрватскиот народ и да ги отвори сите теми за тоа како Босна и Херцеговина да стане уставна и одржлива за сите, но дека српскиот народ нема да се придржува до правилата според кои ги губи сите права што ги стекнал.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик е прогласен за виновен пред Судот на БиХ по обвинението за „непочитување на одлуките“ на Кристијан Шмит, додека вршителот на должноста директор на „Службен весник“ на Република Српска, Милош Лукиќ е ослободен од одговорност.

Ја нагласуваме важноста од целосно почитување на институциите на Босна и Херцеговина и независноста на нејзиното судство и потенцираме дека притисок врз судството и заплашувањето на судиите се неприфатливи, порачаа во заедничка изјава постојаниот известувач за БиХ на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, чешкиот европратеник Онджеј Колаж и претседавачот на Делегацијата на ЕП за односи со БиХ и Косово, хрватскиот европратеник Давор Иво Стиер по повод изречените пресуди за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и поранешниот в. д. директор на „Службениот весник на РС“, Милош Лукиќ.

Високиот претставник во Босна и Херцеговина (БиХ) Кристијан Шмит денеска во Сараево изјави дека Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот во БиХ (ПИК) ги повика сите да се воздржат од интервенции, притисоци, политички закани и да ја почитуваат независноста на судството.

11 (22) ■ вести > свет ■ 25-Feb 13:06 -> 27-Feb 13:09
.
.
.
.

Хамас изрази подготвеност да преговара со Израел за следната фаза од примирјето во Газа

  • Хамас и Израел постигнаа договор за ослободување на палестинските затвореници

  • Во Германија почна судењето на четворица членови на Хамас

Палестинската милитантна група Хамас денеска соопшти дека е подготвена да преговара со Израел за следната фаза од примирјето во Појасот Газа, по размената на палестински затвореници и израелски заложници во текот на ноќта.

Хамас соопшти дека постигнал договор со Израел за истовремено ослободување на повеќе од 600 палестински затвореници и враќање на телата на четворица израелски заложници.

Во Германија денеска почна судски процес против четворица наводни припадници на Хамас, осомничени за организирање на магацини со оружје ширум Европа.

14 (84) ■ вести > свет ■ 25-Feb 00:39 -> 27-Feb 13:31
.
.
.
.

Трамп: ЕУ е создадена за да ги измами САД, воведувам царини од 25%

  • Трамп: Украина може да заборави на НАТО, Европа треба да ѝ даде безбедносни гаранции

  • Претставник на Белата куќа: Нема смисла Зеленски да го посети Вашингтон, ако нема договор за ретките минерали

  • ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор за минералните суровини, поинаков од оној на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одлучил да воведе царини од 25% за увозот од Европската Унија, пишува Financial Times.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина „може да заборави“ на членството во НАТО.

Неименуван претставник на Белата куќа денеска изрази сомневање за соодветноста на поканата до украинскиот претседател Володимир Зеленски да се сретне со неговиот американски колега Доналд Трамп, со оглед на неговите коментари дека не е финализиран договорот за ретките минерали.

Европската унија ѝ понуди на Украина сопствен договор за „критичните суровини“ синоќа, токму во моментот кога американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон е блиску до постигнување договор со Киев за правата на огромните природни ресурси на Украина, пишува Politico.

Повеќе од
оваа категорија

26 (4) ■ спорт > фудбал ■ 27-Feb 11:26 -> 27-Feb 12:55
.
.
.
.

ФК Вардар: Нашата грешка е што не му дадовме три-четири гола на „Мали Ѕинго“

  • ФК Вардар: Навикнете се на „новото нормално“, спортски да постигнувате резултати!

Со соопштение по вчерашниот натпревар помеѓу Вардар и Силекс денес се огласија и од редовите на „црвено-црните“.

Фудбалскиот клуб објави соопштение по повод обвинувањата од кратовски и реакцијата за судењето на Фуркан Идризи во рамки на Купот на . Раководството на црвено-црните имаше жесток одговор до управата на некогашниот првак на Македонија, во кое искористи низа сериозни зборови кои Ви ги пренесуваме во целост: „Вардар не сака и нема да навлегува во расправии со примитивни и провинциски структури на фудбалското подземје и кладилничарската мафија во Македонија собрана во кратовскиот прволигаш.

56 (28) ■ спорт > фудбал ■ 25-Feb 08:16 -> 27-Feb 12:17
.
.
.
.

Фенербахче застана во одбрана на Мурињо

  • ГАЛАТАСАРАЈ МУ ОБЈАВИ ВОЈНА НА МУРИЊО Португалецот делел расистички коментари кон турскиот народ?

  • Галатасарај ќе покрене кривична постапка против Мурињо

Управата на турскиот фудбалски клуб Фенербахче го брани својот тренер кој се најде под критики од големиот ривал Галатасарај.

Турскиот фудбалски клуб Галатасарај планира да започне кривична постапка против тренерот на Фенербахче Жозе Мурињо, обвинувајќи го за расистички коментари по натпреварот од првенството меѓу двата истанбулски тимови.

Галатасарај го критикуваше тренерот на Фенербахче Жозе Мурињо по натпреварот од 25. коло во турскиот шампионат (0:0). По натпреварот, Мурињо изјави дека во еден инцидент претставниците на противникот „скокале на клупата како мајмуни“.

Повеќе од
оваа категорија

749703229 (10) ■ бизнис > македонија ■ 27-Feb 10:54 -> 27-Feb 12:14
.
.
.
.

„Алкалоид“ со рекорден извоз од 210,5 милиони евра, инвестиции од 23,3 милиони евра и со 253 нови вработувања во земјава

  • АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 308,9 милиони евра, раст на консолидираниот извоз од 14 % и со 253 нови вработувања во земјава во периодот јануари – декември 2024 г.

Нашата најголема фармацевтска компанија, „Алкалоид“ ад Скопје и во минатата 2024 година оствари одлични деловни резултати, со рекорден извоз од 210,5 милиони евра, инвестиции од 23,3 милиони евра и со 253 нови вработувања во земјава, покажуваат финансиските извештаи за периодот јануари – декември 2924 година, што ги објави компанијата на интернет страницата на Македонската берза.

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – декември 2024 година продажбите достигнуваат 13.433.299.470 денари, што е за 10 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

99 (4) ■ авто > формула ■ 25-Feb 14:29 -> 27-Feb 13:22
.
.
.
.

Ф1-тимовите во Бахреин ги почнаа тестирањата на болидите за новата сезона

  • Започнува новата ера: Хамилтон најбрз на тестовите во Бахреин

Откако ја поминаа зимата работејќи напорно за развој на болидите за новата сезона, претсезонското тестирање во Формула 1 (Ф1) што почна во Бахреин е прва можност за секој од 10-те тима да управува со својата нова машинерија подолг период и да анализира колку брзи ќе бидат, пишува „Би-би-си“.

Новиот член на Ферари, легендарниот Луис Хамилтон, оствари најдобро време на тестирањата кои се одржуваат во Бахреин, а се дел од подготовките за новата сезона во Формула 1. Седумкратниот светски шампион имаше проблеми при првиот тест, но потоа извозе одлично (1.29,379 минути), оставајќи ги зад себе Џорџ Расел од Мерцедес (+0,399 секунди) и Карлос Сајнц од Вилијамс, кој доцнеше десет стотинки зад Расел.