1 (32) ■ вести > свет ■ 24-Feb 07:24 -> 24-Feb 23:16
.
.
.
.

Макрон: Мирот не смее да значи капитулација на Украина

  • Макрон ќе се сретне со Трамп во Белата куќа за разговори за Украина

  • МАКРОН БАРА УКРАИНА ДА НЕ БИДЕ ЖРТВУВАНА За Трамп ова е единствениот момент за крај на војната

  • Трамп најави можни одделни состаноци со Зеленски и Путин

Макрон се обрати на француски, заблагодарувајќи му се на Трамп за пријателството меѓу САД и Франција.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска е во Вашингтон за да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за војната на Русија против Украина.

Претседателите на САД и Франција, Доналд Трамп и Емануел Макрон денеска имаа средба во Вашингтон, по која одржаа заедничка прес-конференција во Белата куќа.

Претседателите на САД и Франција Доналд Трамп и Емануел Макрон се на билатерална средба во Белата куќа, по што ќе одржат заедничка прес-конференција.

2 (42) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Feb 12:05 -> 24-Feb 16:16
.
.
.
.

СДСМ вели дека поседува документи за вмешаност на Меџити во злоупотреби и сомнежи за корупција

  • Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели премиерот

  • СДСМ: На повидок е корупциски скандал во Владата, дали Меџити барал мито?

  • Мицкоски до ДУИ: Го знаете мојот број, донесете ги доказите за Меџити, во спротивно предупредувам дека продолжувате со сеење магла

Денеска пред јавноста ги објавуваме доказите кои потврдуваат дека вицепремиерот Изет Меџити незаконски ги заобиколувал институционалните процедури, со цел лично да одлучува кои документи и предмети ќе бидат одобрени или стопирани.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му се одземени ингеренциите како што тврди ДУИ.

​На повидок е голем, робусен корупциски скандал во Владата!

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика ДУИ, да достават докази до него за корупцијата која тврдат дека ја направил вицепремиерот Изет Меџити.

3 (26) ■ вести > свет ■ 23-Feb 16:18 -> 25-Feb 00:39
.
.
.
.

Вашингтон и Киев се приближуваат кон договор за украинските минерали

  • Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО

  • Украинскиот Парламент не ја изгласа резолуцијата за поддршка на Зеленски

САД и Украина во неделата соопштија дека се придвижуваат кон договор Киев да му даде на Вашингтон голем дел од правата за ретки минерали како компензација за милијардите долари во муниција што САД ѝ ги испратија на Украина за да се одбранат од војната во Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да поднесе оставка доколку тоа донесе мир за Украина или доколку е услов за членство во НАТО.

Украинскиот парламент не успеа да изгласа резолуција со која се потврдува легитимитетот на претседателот Володимир Зеленски, откако на денешната седница не доби доволно гласови за усвојување таков документ, јави ДПА.

5 (23) ■ вести > свет ■ 24-Feb 07:12 -> 24-Feb 21:33
.
.
.
.

ФОН ДЕР ЛАЈЕН: Украина може да влезе во EУ пред 2030 година

  • Фон дер Лајен од Киев: Во март Украина ќе добие уште 3,5 милијарди евра помош од ЕУ

  • Три години од руската инвазија врз Украина – Кошта и Фон дер Лајен во посета на Киев

Украина може да влезе во Eвропската Унија(ЕУ) пред 2030 година.

Европа е тука да ја зајакне Украина во овој критичен момент и веќе во март ЕУ на земјата ќе и исплати дополнителни 3,5 милијарди евра помош, најави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на Меѓународниот самит за поддршка на Украина, што се одржува во Киев.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и 21 член на Европската комисија, предводени од нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен денеска престојуваат во Киев, со цел да ја изразат непоколебливата поддршка на ЕУ за борбата на Украина за независност и слобода, три години од почетокот на руската инвазија врз земјата.

7 (16) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Feb 11:27 -> 24-Feb 19:00
.
.
.
.

Перински и Ганиу ќе ги чекаат анкетите на нивните партии за да видат дали ќе ги кандидираат на локалните избори

  • Заедно продолжуваме да градиме мултиетничка хармонија и решенија за сите предизвици, порача Перински

Министерот за локална самоуправа Златко Перински и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу ќе ги чекаат анкетите кои ги спроведуваат нивните матични политички партии за да видат дали ќе ги кандидираат на нивните партии дали ќе ги кандидираат на локалните избори што треба да се одржуваат есенва.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со неговиот заменик, Ерџан Селими, денеска ја посетија скопската Општина Чаир, како дел од теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“, соопштија од кабинетот на министерот Златко Перински.

8 (6) ■ вести > македонија ■ 24-Feb 20:19 -> 25-Feb 01:48
.
.
.
.

Каранфилова-Пановска не се согласува дека СДСМ е млака опозиција

  • Каранфилова-Пановска: Посетите на Мицкоски во САД се за поздравување, но треба да ни каже што разговара и кој е резултатот

Во овие осум месеци, а особено за овие три за кои јас можам изворно и директно да зборувам, Социјалдемократскиот сојуз прави чекори и исчекори кои можеби не се толку очигледни во јавноста, но кои ќе покажат и дадат резултати – смета заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Таа вели дека не може да се согласи дека СДСМ во моментов е млака опозиција и оти по изборите во мај минатата година, и по оставките од раководните позиции на тогашното претседателство и изборот на новиот лидер, партијата се наоѓала во ситуација како никогаш претходно – во смисла на поддршката меѓу членството преточена во комплетна разочараност и лутина, која според неа е легитимна и оправдана, но во овие осум месеци, а посебно во последните три месеци, СДСМ прави чекори и исчекори кои можеби не се толку очигледни во јавноста, но според неа ќе дадат резултати.

Нејасно е што сака да каже премиерот кога вели дека со посетите на Вашингтон запоседнува терен и дека се реди во некаков ред.

9 (11) ■ вести > свет ■ 24-Feb 10:00 -> 24-Feb 20:51
.
.
.
.

Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори

  • ЕУ: Меѓународната заедница треба да се фокусира на постигнување сеопфатен, праведен и траен мир во Украина

Кошта нагласи дека оваа војна не е поврзана само со Украина, туку и со европската безбедност, па затоа од суштинска важност е и Европа да биде присутна и да учествува во мировните преговори.

Во актуелниот предизвикувачки меѓународен и геополитички амбиент ја нагласуваме важноста од одржување на трансатлантската и глобалната солидарност со Украина, се наведува во заедничка изјава на претседателите на Европскиот совет, на Европската комисија и на Европскиот парламент, Антонио Кошта, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола по повод третата годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина.

12 (7) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 24-Feb 18:32 -> 24-Feb 20:22
.
.
.
.

Кривична пријава против четири лица за несовесно работење во службата

  • МВР: Четири лица пријавени за несовесно работење во службата

Поднесена кривична пријава против четири лица за несовесно работење во службата.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Ф.Х.- началник на Регионалниот центар за гранични работи Запад, Н.С.- началник на Одделението за заеднички работи при Регионалниот центар за гранични работи Запад, Ц.Ј. – самостоен советник за финансиски работи во Одделението за заеднички работи при Регионалниот центар за гранични работи Запад и Б.Ј. – началник на СВР Битола за време на извршување на делото, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.

15 (11) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Feb 10:11 -> 24-Feb 17:56
.
.
.
.

Муцунски: Заштитата и промоцијата на човековите права се темел на нашата надворешна политика

  • Министерот Муцунски учествува на Високиот сегмент на Советот за човекови права на ОН

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска се обратил на Сегментот на високо ниво на 58-та сесија на Советот за човекови права (СЧП) на Обединетите нации во Женева, каде што истакнал дека заштитата и промоцијата на човековите права се темел на нашата надворешна политика.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе престојува во Женева, каде што заедно со други шефови на влади, министри за надворешни работи и високи претставници, ќе учествува на Високиот сегмент на 58-та сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации, каде ќе се дискутираат клучните предизвици во заштитата на човековите права ширум светот, со посебен акцент на сензитивните подрачја, информираат од Министерството.

Повеќе од
оваа категорија

33 (7) ■ спорт ■ 24-Feb 13:28 -> 24-Feb 17:20
.
.
.
.

Ристовски: Ракометот го прогласивме за спорт број еден – заслужува најголема поддршка!

  • Ристовски: Во министерството донесовме одлука да го прогласиме ракометот за спорт број 1

Ракометот е спорт број еден во Македонија и затоа заслужува најголема финансиска поддршка од државата, истакна министерот за спорт Борко Ристовски на денешната панел-дискусија во Скопје, посветена на стратегиите и формите на финансирање за развој на ракометот.

Во организација на специјализираниот портал за ракомет „samorakomet.mk“ денес во Скопје се одржува панел-дискусија „Ракометот спорт број 1?“. Во делот за стратегија, визија и форми на финансирање, за развој на ракометот учество зема и министерот за спорт Борко Ристовски за кого ракометот без сомнение е спорт број 1 во Македонија.

Повеќе од
оваа категорија

10 (13) ■ бизнис > македонија ■ 23-Feb 12:36 -> 24-Feb 14:36
.
.
.
.

Поевтинуваат бензините и дизелот

  • ПОНИСКИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Од полноќ бензините поевтини за еден денар, а за половина денар дизелот и нафтата за домаќинства

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од полноќ се намалуваат за 1,00 денар, а Еуродизел (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денар по литар, соопшти Регулаторната комиисја за енергетика (РКЕ). Новата цена на еуросупер БС – 95 ќе биде 79,00 денари, еуросупер БС – 98 ќе се продава за 81,00, еуродизел БС (Д-Е V) за 73,50, а екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 73,00 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 1,00 денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денар по литар, соопшти Регулаторната комиисја за енергетика.