Продолжува расфрлањето на народни пари за патни трошоци од страна на пратениците, реагираат од Левица, посочувајќи дека за удобното патување на претставниците во законодавниот дом во изминатата 2024 година се поторшени 300 илјади евра, што е за 20 илјади евра повеќе во споредба со 2023 година.
Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, откако денеска таа побара во рамки на 30. седница да ја образложи својата неотповиклива оставка по изгласувањето на нејзината интерпелација минатиот петок.
Пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците на Зијадин Села, која е дел од „Европскиот фронт“ на која и беше изгласана интерпелација, денеска од собраниската говорница додека траеше 30. пленарна седница, побара од претседателот на Собранието да и дозволи во времетраење од 15 минути да ја образложи оставката од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади.
Комисијата за социјална политика, демографија и млади засега нема претседател откако Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути од функцијата, поднесена по изгласувањето на нејзината интерпелација минатиот петок, затоа што одбиваше да го стави на дневен ред законот за бранителите.