Полицијата во Охрид информираше дека синоќа во 21:30 часот до СВР било пријавено од страна на 50-годишна охриѓанка дека пред нејзиниот дом било опожарено нејзиното патничко возило „БМВ Икс3“ со охридски регистарски ознаки.
ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката на СДК.МК. Според првичните информации, велат од ЗНМ, постои сомнеж дека станува збор за намерно предизвикан акт Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) најостро го осуди инцидентот во кој беше запалено возилото на новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК, Сузана Вренцовска, во Охрид.