„Ќе потсетам, и денеска статистика пресметува близу 230 производи во нивната кошница кои се далеку понереални: ананас, јагоди, ореви, бадеми,… Она што ССМ го прави од 2010 година било и ќе биде критикувано од сите влади, но ако разговорите преминат од фаза на дискусија и идеи во фаза дека ќе ни докажат дека можеме да преживееме со далеку помалку, можеби ќе треба да се пресмета просечна кошница која ќе биде над 2 000 евра, која ќе ги отсликува реалните, а не минималните потреби, само тоа нема да им се допаѓа ни на Владата, ни на работодавачите“, кажа Трендафилов. Skopjeinfo