Измина 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, 153-годишнината откако во 1872 година во Кукуш на векот и на светот дојде Ѓорѓи Делчев, синот на Никола и Султана Делчеви, четвртото нивно дете, чија величествена пројава на еден бунтовен дух во целина го одрази бунтовниот дух и на народот македонски, од кого и изникна.
Премиерот Христијан Мицкоски на целата македонска јавност го честита родениот ден на македонскиот великан, идеолог и јунак Гоце Делчев.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе учествува на одбележувањето на 153-годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев, информираат од нејзиниот кабинет.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на одбележувањето на 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, денеска во Штип го посети Универзитетот „Гоце Делчев“.