Американскиот претседател Доналд Трамп, вчера, (19 март) за време на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи САД да ја преземат сопственоста на украинските електрани, додека тој се обидува да го премости јазот меѓу Москва и Киев и да обезбеди прекин на огнот во повеќе од тригодишната војна.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денешниот телефонски разговор со американскиот колега, Доналд Трамп го оцени како „позитивен, многу суштински и искрен“.
Американскиот претседател Доналд Трамп го започна телефонскиот разговарал со украинскиот лидер Володимир Зеленски, соопшти заменик-шефот на кабинетот на американскиот претседател, Ден Скавино, пренесе ДПА.
Американскиот претседател Доналд Трамп му предложи на украинскиот претседател Володимир Зеленски САД да ја преземат контролата врз украинските електрани, за да се осигура нивната безбедност, пренесува AP. Трамп му рекол на Зеленски дека САД „може да бидат многу корисни во управувањето со овие постројки со својата експертиза за електрична енергија и комунални услуги“, се вели во изјавата на државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц.