Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на пленарната сесија „The Resource Race: Who Controls the Green Future“ во рамки на Астана Интернационалниот Форум 2025, каде што истакна дека критичните минерали стануваат клучен фактор во глобалната енергетска и безбедносна политика.
Сесијата посветена на глобалната трка по критични минерали и ретки елементи, кои се од суштинско значење за енергетската транзиција и развојот на зелени технологии, отвори дискусија за геополитичките импликации од новата фаза на ресурсна конкуренција, со акцент на пристапот до суровини, ризиците во синџирите на снабдување, ресурсниот национализам, како и новите иновации во рециклирањето.