Беа идентификувани конкретни можности за размена на знаења и техничка експертиза, особено во однос на развојот на хидроген како енергент на иднината – област во која Казахстан веќе има активни и напредни проекти.Дополнително, беше посочено дека искуството на Казахстан во воспоставување и примена на батериски системи за складирање на енергија може да биде од голема корист за Македонија, во процесот на стабилизирање и модернизација на националниот енергетски систем.
На крајот од средбата, министерката Божиновска го покани министерот Аккенженов да ја посети Македонија и да учествува на Меѓународниот форум што ќе се одржи во октомври во Скопје, во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Vecer