На годишна основа намалувањето е за 0,17 п.п. Просечната априлска стапка на новите кредити одобрени на граѓаните е 4,67 проценти, а пониска е за месечни 0,02 п.п. Тоа, пак, целосно е резултат од падот на каматите што се однесуваат на денарските кредити без валутна клаузула, додека пораснале тие за девизните и за денарските кредити со валутна клаузула (за 0,25, односно за 0,04 п.п.). Годишниот пад изнесува 0,66 п.п. Каматата што се пресметува на вкупните депозити на населението во април бележи дополнителни 0,02 п.п. и изнесува 2,14 проценти. Pari